Што да облечете со бела класична кошула?

Што да облечете со бела класична кошула?

Белата кошула е класично парче облека, кое отсекогаш било дел од гардеробата на мажите. Но, во последниве години белата кошула се смета за досадно и немодерно парче облека, кое се остава забутано во плакарот да фаќа прашина, а се заменува со кошули во поживи, блескави бои. За да го побиеме тој мит, ќе ви покажеме како белата кошула во комбинација со други парчиња облека, да ја претворите во брилијантен составен дел од вашиот имиџ.

Што да облечете со бела класична кошула?

Темносин костум

Најверојатно наједноставната и најефективната комбинација за со бела кошула, е класичниот темносин костум. Ако сте поспортски тип, оваа комбинација може да ви се најде кога ќе треба да одите на свадба, прослава или друга свеченост. Исто така, доколку имате сериозна работна позиција и сакате да се дотерувате, тогаш оваа комбинација со некоја интересна вратоврска би се вклопила одлично за вашиот понеделнички утрински стил.

Што да облечете со бела класична кошула?

Џемпер и фармерки

За да постигнете „кежуал“, младалашки изглед, облечете пар фармерки и бела кошула, а врз неа натнете го вашиот омилен џемпер. И покрај тоа што според новите трендови, кошулата не треба да се потпикнува во фармерките, туку слободно да си паѓа надолу, сепак кога ја комбинирате со џемпер, одзади во делот кај кичмата, кошулата може да се набрчка и да делува неуредно и парталаво. Ваквата комбинација е одличен избор за сите генерации, од млад до најстар, од богат до сиромав. За да изгледате вака, сè што треба да направите е да изберете убаво потенко џемперче, кое стои прилепено за телото и бела кошула која се совпаѓа со џемперот, без разлика што многу мал дел од неа ќе се ѕирка.

Што да облечете со бела класична кошула?

Спортско сако

Ако сте студент и сакате да го преземете академскиот изглед во вашиот стил, облечете спортско сако врз вашата бела кошула. Оставете ги првите копчиња откопчани ако сакате да изгледате „покежуал“ или додадете некоја интересна шик пеперутка-машна на вашиот врат за да изгледате посериозно. Ако ниедна од овие модни варијанти не ви е по мерак, можете да пробате сакото и кошулата да ги комбинирате со елече и темна класилна вартоврска, за да го преземете стилот од 50-тите години на минатиот век. Со некоја од овие комбинации за горниот дел од телото, облечете фармерки или пантолони, во зависност од тоа дали сакате да изгледате покежуал или поформално.

Што да облечете со бела класична кошула?

Шорцеви и сандали

Интересна опција за на плажа, може да биде бела кошула со шорцеви до под колена и сандали или апостолки. Белата кошула и во овој случај е одличен избор, бидејќи дури и да е сошиена од дебел памук, бојата ќе ја одбива сончевата топлина и ќе одржува поднослива температура на вашето тело. На плажа, имате шанса да ја носите кошулата истуткана со подвиткани ракави нагоре.

Што да облечете со бела класична кошула?

Кожна јакна

Облечете бела кошула под кожна јакна за да изгледате секси и мажествено. За оваа комбинација многу е важно добро да се совпаѓаат моделот на кошулата и јакната и материјалот од кој се изработени. Ние препорачуваме некласична кошула и „бунтовничка“ кожна јакна, со обични „old school“ фармерки, за да го истакнете вашиот сексапил.

Што да облечете со бела класична кошула?

Само бела кошула

Ако сакате да изгледате младалашки, модерно, спортски, а сепак елегантно облечете убава бела кошула, добар пар фармерки, кожен бел ремен и убави и чисти бели патики и ќе бидете подготвени да ја „бркате“ девојката која одамна ја меркате.

Што да облечете со бела класична кошула?

Заклучок:

Белата кошула може добро да се искомбинира и за вообичаен и за формален изглед.

Кога белата кошула се комбинира со:
  • темностин костум се постигнува класичен, уреден и професионален изглед.
  • џемпер и фармерки, се постигнува кежуал изглед, со кој можете да отидете на кафе, на гости, на прошетка, на факултет/работа…Можностите се речиси неограничени.
  • спортско сако, ќе изгледате искусно и „академски“.
  • шорцеви и сандали, ќе изгледате одлично за во летниот период од годината.
  • Кога носите само бела кошула нагоре, во комбинација со горе наведените парчиња облека, можете да оставите интересен впечаток и да бидете забележани.
  • кожна јакн,а важно е да бидете умерени и да не делувате премногу „рокерски“ ниту секојдневно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. maca Reply

    kakvo demode be. masko najubavo izgleda u bela kosula 🙂

Напиши одговор на maca Откажи одговор