Празнична модна инспирација: 3 комбинации од Кејт Мидлтон за дамите со стил

Празнична модна инспирација: 3 комбинации од Кејт Мидлтон за дамите со стил

Судејќи по позитивните коментари, крајот на 2018 година, во однос на стилот, ќе ја одбележи војвотката од Кембриџ која реши малку да отстапи од своите вообичаени комбинации и да ги проба водечките зимски модни трендови. И додека сме навикнати да ја гледаме Меган Маркл во посмело издание, овој пат токму Кејт е онаа што изненадува. Во продолжение ви претставуваме 3 одлични зимски комбинации кои можат да ви послужат како инспирација за оние денови кога сакате да се чувствувате како модерна принцеза.

1. Миди карирано здолниште

Кога Кејт се појави на еден хуманитарен настан во миди здолниште со кариран дезен, таа ги освои срцата на сите оние што сакаат да останат во чекор со модата. Токму ова парче облека е задолжителен предновогодишен избор, а ако го комбинирате со црн џемпер, ролка или кошула и црни, топли чизми – зимата нема да може да ве допре!

2. Зелен блејзер и панталони со висок струк

Доколку сте поканети на семеен ручек кај родителите на вашето момче или пак, едноставно сакате да изгледате впечатливо, тогаш не можете да згрешите со комбинирањето црни панталони со висок струк, бела маичка и зелен блејзер. Токму овие бои носат и дополнителна новогодишна нота – правејќи ја оваа комбинација одлична за предновогодишната еуфорија.

3. Фустан со точки

Романтичниот, женствен и префинет фустан со должина до под колена е еден од најпопуларните зимски комбинации за дамите што сакаат да се чувствуваат кралски. Исто така, овој фустан е добар избор и за дочекот на новата година!

Дознајте и кои се најдобрите зимски бои за софистицирани жени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар