Потпечен компир со кашкавал: Гурмански рај поради кој ќе заборавите на месото!

Кој не сака потпечени компири, а уште пак во комбинација со кашкавал!?

Потпечен компир со кашкавал: Гурмански рај поради кој ќе заборавите на месото!

Потребни состојки:
  • 1 кг компири
  • 500 мл топло млеко
  • 150 грама рендано полутврд кашкавал
  • 50 грама рендано тврд кашкавал
  • 50 грама брашно
  • 50 грама путер
  • 3 лажици сечкан магдонос
  • 1 лажичка сенф
  • Мускатно оревче
  • Сол и бибер
Начин на подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на тенки парчиња. Ставете ги во тенџере со ладна вода, посолете и пуштете ги на силна температура. Кога водата ќе зоврие оставете ги да се варат 10 минути.

Исцедете ги компирите и наредете ги во подмачкан сад за печење.

Подгответе го бешамел сосот така што прво на загреан путер малку ќе го пропржите брашното, а потоа постепено ќе го додавате млекото со непрекинато мешање за да избегнете создавање на грутки.

Сосот нека се готви околу 4 минути, а потоа тргнете го од оган и додадете ги мускатното оревче, биберот, сечканиот магдонос, сенфот и двата вида кашкавал.

Подготвениот сос прелијте го врз компирите, малку промешајте и печете на 180 степени околу 45 минути.

Пробајте ги и овие полнети домати – совршен летен и лесен ручек.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар