Евтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудра

Автор: Сара Турановиќ

Ако вашиот буџет за купување козметика е ограничен и би сакале да имате мултифункционален производ, тогаш дефинитивно мора да ѝ дадете шанса на бебешката пудра. Практична е бидејќи може да ја употребите на многу начини. Ќе ви помогне кога немате доволно време за да ја измиете косата, за вашиот кармин да трае подолго. Но тоа не е сè, таа може да ви послужи и за…

Евтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудра

1. Го зголемува волуменот на трепките

„Нанесете мал слој бебешка пудра на трепките помеѓу двата слоја маскара. Пудрата ќе им даде волумен и должина на вашите трепки. Освен ова, ако вашата маскара не е доволно густа, пудрата ќе спречи таа да се размачка“ – нѐ советува експертот за убавина Кристина Марал.

Евтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудра

2. Суво миење на косата

За овој трик веројатно веќе сте слушнале. На врвот на прстите нанесете малку бебешка пудра, па потоа нанесете ја на коренот. На крај исчешлајте ја косата. Бебешката пудра ќе ги впие мастите од косата и ќе и го зголеми волуменот.

Евтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудра

3. Го отстранува сјајот од кожата

Сопственикот на онлајн-продавницата LesBijouteries.com, Гери Барнс тврди дека бебешката пудра има подобар ефект од многу пудри кои имаат мат финиш. „Го научив овој мал трик од фотограф. Не мора да користите голема количина на пудра туку доволно е мал слој за да го впие непотребниот сјај од лицето, а вие ќе блеснете пред камерите. Таа ја собира потта од лицето и го ублажува сјајот, особено кај лицата кои имаат темен тен бидејќи темната кожа одразува поголем сјај пред камерите“ – изјавува Гери.

Евтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудра

4. Карминот ќе ви трае подолго

„Кога шминкам некого кого го чека долга ноќ, односно кога шминката треба да трае долго, помеѓу двата слоја кармин нанесувам бебешка пудра. После првиот слој, со хартиено марамче отстранете го вишокот на кармин, а потоа со четка нанесете бебешка пудра. Потоа повторно нанесете кармин и готови сте“ – вели Марал.

Евтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудра

5. За полесно да го отстранете песокот од кожата

„Мојот омилен трик со бебешка пудра го практикувам на плажа. Ако нанесете тенок слој пудра, песокот нема да се лепи на вашата кожа и ќе го отстраните со лесен допир“ – советува Реган.

Евтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудра

6. Го отстранува непријатниот мирис од патиките

Немате време да се истуширате после враќањето од фитнес, а сакате да облечете чисти патики на испотени нозе? Ставете малку бебешка пудра во нив и таа ќе ја апсорбира потта и непријатните мириси.

Евтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудра

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар