Полнети домати: Совршен летен и лесен ручек

Доматот ја апсорбира аромата кога го ставате во рерна, а кога ќе го наполните со ароматична смеса ќе добиете неверојатен ручек без многу напор. По желба можете да додадете и кашкавал за да го подобрите вкусот.

Полнети домати: Совршен летен и лесен ручек

Потребни состојки:

  • 400 грама домати
  • 100 грама кромид
  • 2 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 1 лажица масло
  • 1 лажица млеко
  • Свежо мелен бибер
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица магдонос
  • Пелат домати
  • Мајчина душичка
  • Босилек

Начин на подготовка:

  • Пресечете го горниот дел од доматите и издлабете ги со лажица.
  • Во тава загрејте масло и динстајте го ситно исечканиот кромид. Додајте го и исечканиот лук, динстајте уште малку, па додајте го исечканиот магдонос.
  • Изматете ги јајцата и додајте брашно, млеко, свежи зачини и бибер.
  • Измешајте ги јајцата со кромидот, лукот и магдоносот.
  • Наполнете ги доматите со смесата и затворете ги со пресечениот дел.
  • По желба можете да додадете и кашкавал и на дното на тавата да ставите малку пелат домати.
  • Печете 25-40 минути на 150 степени.

Добар апетит!

За десерт можете да го пробате овој брз и лесен рецепт за колач со цреши.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар