Подгответе се за летото со овие 8 совети за убавина - Part 2

Подгответе се за летото со овие 8 совети за убавина

5. Рамен стомак

Подгответе се за летото со овие 8 совети за убавина

Рамниот стомак е клучен за да изгледате добро во бикини, па може да му обрнете повеќе внимание додека вежбате. Една од најефективните вежби е стомачни со топка. Легнете на грб со исправени нозе и ставете ги рацете над главата. Започнете држејќи ја топката над главата. Потоа држете ја над градите и фатете ја со нозете. Ставете ја топката помеѓу глуждовите и вратете ги нозете назад на подот. Повторете ја вежбата 10 до 12 пати. Обидете се грбот да ви биде на подот.

6. Странични стомачни

Подгответе се за летото со овие 8 совети за убавина

За да се ослободите од маснотиите од страната на стомакот, пробајте ги овие едноставни вежби.

  • Легнете на грб со кренати раце. Кренете ги нозете и свиткајте ги под агол од 90 степени. Бавно поставете ја левата рака зад главата и истовремено исправете ја левата нога без да го допрете подот. Вратете се во почетната позиција и повторете од другата страна. Направете по 10 повторувања на секоја страна.
  • Легнете на грб. Свиткајте ги нозете и доближете ги колената до градите, а рацете ставете ги зад глава. Притиснете го левото колено до градите додека ја исправате десната нога паралелно со подот. Свртете го десното рамено кон коленото. Доближете ги коленото и раменото 2 пати и вратете се во почетната позиција. Повторете по 20 пати на секоја страна.

7. Задник

Подгответе се за летото со овие 8 совети за убавина

Мускулите на задникот се најголемата мускулна група. Вежбите за овие мускули не само што ќе направат вашиот задник да изгледа неверојатно, туку ќе ви помогнат и побрзо да ослабете. Чучнувањата се едноставна и ефективна вежба. Исто добра вежба за задник е и мост со една нога.

8. Исхрана

Подгответе се за летото со овие 8 совети за убавина

Покрај вежбањето, важна е и здравата исхрана. Обидете се секој ден да пиете многу вода. Зголемете го внесувањето на природни диуретици како краставици, лимон и зелен чај. Намалете го внесувањето на преработени јаглехидрати како леб и тестенини. Исто така избегнувајте алкохол секогаш кога можете бидејќи алкохолните пијалаци имаат многу калории.

Запомнете дека секоја личност има несигурности и никој не е совршен. Фокусирајте се на она што го имате и ценете го вашето тело. Прифатете се физички и ментално и престанете да се фокусирате на недостатоците.

Погледнете ги и овие кратки совети за убавина кои го издржале тестот на времето.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар