100 кратки совети за убавина кои го издржале тестот на времето

За многу жени, убавиот изглед е нешто многу важно. За да ја истакнат својата убавина тие често се подготвени да потрошат многу пари и време за нивната рутина за шминкање, или пак за совршениот маникир. Поради ова, многу од нив сонуваат за лесни, едноставни и ефективни трикови кои ќе им помогнат. Токму затоа и треба да ги знаете овие 100 едноставни и кратки трикови за убавина што навистина ќе ви го олеснат животот.

Коса

(1)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

  • Можете да ја навиткате косата со стегач. Замотајте ја околу него преку ноќ, и ќе се разбудите со готова фризура.
  • Чешлајте ја косата од корењата кон врвовите. Ова ќе ѝ даде природен сјај.
  • Вашата коса ќе изгледа погусто и можете да ги покриете пораснатите корења со помош на нијанса која е блиску до вашата природна боја.
  • Секогаш треба убаво да ѝ објасните или да ѝ покажете на вашата фризерка како сакате да ви изгледа косата.
  • Цик-цак патецот може да ви помогне да ги скриете пораснатите корења.
  • За да не ви лепи лакот за коса, откако ќе го нанесете измазнете ја косата со четка од маскара.

(2)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

  • За да ја заштитите косата од сонцето, не заборавајте да ставите капа или марама.
  • Спијте на свилена или сатенска перница за да го спречите паѓањето на косата. Ако користете некој друг материјал, осигурете се дека е 100% природен.
  • Понекогаш за нов изглед потребно е само да го смените патецот на косата.
  • За да избегнете заплеткување на косата, секогаш користете четка со широки запци, особено ако имате сува коса.
  • Шампонот за суво миење или бебешката пудра, можат да ви помогнат да ја направите косата помалку мрсна. Едноставно, нанесете на корењата и вашата коса ќе изгледа одлично.
  • Еве како правилно да ги користете малите црни шноли:

(3)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

  • Ако се одлучите за фарбање на косата, најдобро е да не одберете боја што не е природна. Наместо тоа, одберете боја што е најблиску до вашата природна коса. На овој начин ако фарбањето е неуспешно нема многу да се забележи.
  • Користењето шампон што не содржи сулфати е многу подобар за здравјето на вашата коса.
  • Ако често користите лак или гел за коса, мијте ја косата еднаш неделно со шампон кој содржи сулфати – тој ќе ги отстрани сите остатоци од силикон кои „нежните“ шампони не можат.
  • Натопете ја косата со обична вода пред да влезете во море или базен. Ова ќе ја заштити.
  • Користете морска вода за да ги задржите локните во текот на целиот ден. Можете да си ја направите сами: Измешајте 1 лажица морска сол со половина литар минерална вода и ставете ја во шише со распрскувач. Солта ќе ја одржува цврстината на локните.

(4)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

    • Вашата коса ќе го изгуби сјајот доколку ја миете со жешка вода.
    • Немојте премногу да ја триете косата кога ја сушите. Ова ќе ја направи кршлива. Најдобро е да користите мек материјал, како некоја блуза, наместо груба крпа.
    • Масирањето на главата е одличен начин да го забрзате растот на косата и да го спречите нејзиното паѓање.
    • Плетенката ќе изгледа многу подобро ако нанесете малку гел на неа.
    • За да ѝ дадете повеќе волумен на косата, сушете ја од корењата.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар