Палео рецепт: Компир салата која оди одлично во комбинација со скара

Компир салатата честопати ја служиме во комбинација со скара, а овој поразличен рецепт е одличен за сите оние кои ја практикуваат палео диетата, но веруваме дека ќе им се допадне и на останатите.

Палео рецепт: Компир салата која оди одлично во комбинација со скара

Потребни состојки:

  • 8 големи компири
  • 4 јајца
  • 1 лажица сенф
  • 300 милилитри мајонез
  • 2 лажички сол
  • 250 г сечкан целер
  • 250 г сечкани маслинки

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги и излупете ги компирите. Потоа насечкајте ги на коцки и сварете ги.
  2. Сварете ги јајцата, а потоа насечкајте ги.
  3. Во еден сад измешајте ги сенфот, мајонезот и солта. Потоа додадете ги во сварените компири заедно со целерот, маслинките и јајцата.
  4. Оставете да се олади во фрижидер, а потоа сервирајте.

Погледнете го и овој рецепт за вкусен куглоф со цреши.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар