Откажувањето од овие 5 навики ќе ви помогне да откриете вистинска среќа

Кога размислуваме што нѐ прави среќни, секогаш прво помислуваме на работи кои сакаме да ги додадеме во нашиот живот. Повеќе пари, поголема куќа, подобар град… Мислиме дека треба да додаваме работи за да бидеме среќни. Но што ако треба да одземеме нешто за да ја пронајдеме среќата? Погледнете ги навиките од кои треба да се откажете и можеби ќе ја пронајдете вистинската среќа.

otkazhuvanjeto-od-ovie-5-naviki-kje-vi-pomogne-da-ja-pronajdete-vistinskata-srekja-kafepauza.mk

1. Потребата да бидете во право

Ние сме социјални суштества, и би направиле сè за да бидеме во право – дури и кога не сме. Кога ќе сфатите дека и не е толку важно дали сте во право или не, ќе видете колку посмирен ќе биде вашиот живот.

2. Потребата да контролирате сè

Желбата за контролирање е природна работа, кога ја контролираме нашата околина ја контролираме и нашата судбина. Барем до негде. Но понекогаш ја преминуваме секоја граница со желбата за контрола. Кога ќе се откажете од помислата сѐ да се случува под ваш надзор, ќе го намалите стресот кој се собира врз вас.

3. Потребата да обвинувате

Ова е слично со желбата да бидете во право. Секој од нас прави по некоја грешка, без исклучоци. Можете да прифатите дека сте згрешила и да продолжите натаму, но тоа фрла светлина на вашите несовршености, па мора да обвините некој друг. Не треба да ги импресионирате сите, всушност ако тоа ви е целта, луѓето повеќе ќе ве ценат доколку си ги признавате грешките.

4. Потребата за жалење

Кога имате некој проблем, одлично е да го симнете од себе. Но, жалењето без преземање мерки за средување на тој проблем е бескорисно и ви ја намалува енергијата. Тргнете го од вас тоа што ви пречи, но направете и план како да го решите.

5. Потребата за осудувања

Расистички, сексуални, религиозни, филозофски… осудувањата се насекаде. Луѓето имаат длабока желба да припаѓаат, па ги откриваат тривијалните разлики, ги осудуваат, и се приврзуваат до категоријата што најмногу им одговара. Ова само нѐ поделува и создава несреќа како кај луѓето, така и во општеството. Кога ќе ја напуштите потребата за осудување, ќе сфатите дека секој човек е речиси ист, ги има истите чувства и размислува за истите работи како вас.

Прочитајте ги и овие прекрасни цитати за среќата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар