Најубавите цитати за среќата

Среќата е насекаде околу нас. Ја носиме цврсто во себе, околу себе и со себе. Трикот е едноставен: за да можете да бидете среќни треба да сакате да бидете.

Со среќата се раѓаме и со неа го живееме животот. Но за да бидеме среќни, треба и да веруваме дека сме среќни. Затоа сите убави мисли за среќата потенцираат дека таа е прашање на избор и волја, а не толку на судбината на животот.

najubavite-citati-za-srekjata-kafepauza.mk

Обогатете ги вашиот ум и срце со ведрина и убави мисли за среќата. Еве ги некои од најубавите:

„Не постои пат до среќата, патот е среќа.“

„Најсигурниот начин да не постанеш премногу несреќен е да не бараш да бидеш премногу среќен.“

„Оној кој мисли дека е среќен е навистина среќен.“

„Кога сме среќни, секогаш сме добри, но кога сме добри не сме секогаш среќни.“

„Ако некогаш јурејќи кон среќата ја пронајдете, вие ќе бидете исто како бабата која ги барала очилата, ќе откриете дека среќата цело време ви била на носот.“

„Среќата е единствената работа која се множи кога се дели.“

„Не зависи од тебе дали сакаш да бидеш богат, но зависи од тебе дали сакаш да си среќен.“

„Среќниот човек е како сонце: каде оди сѐ осветлува.“

„Среќата на секој му се прикажува според неговите сфаќања.“

„Она што нам најнепосредно нѐ усреќува е ведрината на умот. Оваа особина е сама по себе награда. Затоа вреди да го ставите развивањето на ведрината во себе пред сите други стремежи.“

„Среќата во овој живот зависи помалку од тоа што ви се случува, а повеќе од начинот на кој тоа го прифаќате.“

„Среќата и несреќата се кријат во нашиот однос кон случувањата, никогаш во природата на самите случувања.“

„Подобро е да си среќен одошто паметен.“

„Кога си среќен и сонцето трча по тебе.“

„Среќен е оној човек кому му оди од рака живеењето во сегашноста.“

„Кој има среќа, нема потреба од разум, кој има разум има потреба од среќа.“

„Птиците и цвеќињата се посреќни од човечките суштества бидејќи не знаат ништо за иднината, немаат никакви зборови во својата глава, не чувствуваат никаков страв од тоа што сличните на нив може да мислат за нив. Затоа, не плашете се за утре,бидејќи тоа утре ќе мисли за себе.“

„Кој никогаш не сакал, никогаш не бил среќен.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар