Како да ја надминете социјалната анксиозност во 4 едноставни чекори?

Социјалната анксиозност е научен одговор на некое трауматично искуство. На пример, можеби вашите родители ви викале да замолчите кога сте зборувале во јавност. Ова за вас било многу трауматично бидејќи вашиот опстанок во тој момент зависел од вашите родители.

kako-da-ja-nadminete-socijalnata-anksioznost-vo-4-ednostavni-chekori-kafepauza.mk

Кои се последиците?

Вие почнувате да го мразите зборливиот дел од вас. Социјалниот притисок од наставници, соученици, пријатели и други обесхрабрува различни лични карактеристики. Можеби сте се обиделе да споделите некое мислење, но вашите соученици се шегувале за тоа. Овој вид одбивање кај вас предизвикал страв за споделување на вашите идеи. Вие избегнувате секакви социјални ситуации, но секојпат кога го правите ова создавате негативно мислење за вас.

Како да ја пребродите социјалната анксиозност?

Кога ќе се соочите со социјална интеракција вие можете да направите избор – да ја избегнете или да се вклучите. Секогаш кога одлучувате да ја избегнете вие влегувате подлабоко во вашата „удобна зона“. Замислете колку малечка ќе стане таа зона после стотици избегнати интеракции?

Надминувањето може да биде тешко за луѓето кои целиот живот го живееле под социјален притисок. Погледнете ги овие едноставни чекори кои ќе ви бидат од помош.

1. Прифаќање на себеси

Вашите карактеристики за кои се срамите имаат потреба од прифаќање исто колку и оние добрите. Прифаќањето на гневот не значи дека треба да станете насилни. Прифаќањето на интелигенцијата не значи дека треба да станете арогантни. Прифаќањето значи дека им дозволувате на тие ваши делови да живеат. Луѓето со социјална анксиозност многу често се плашат да не бидат судени заради карактеристиките кои ги кријат. Тие исто така често се грижат дали другите ќе ги прифатат. Наместо да трошите енергија за тоа, дозволете ѝ на вашата креативност да протече и вклучете се во некој разговор.

2. Прифатете го стравот и сепак направете го

Секогаш кога ќе наумите да правите нешто, вие го вклучувате вашиот страв. Ова е клучниот момент кога одлучувате дали ќе бидете храбри или ќе се повлечете. Кога ќе го прифатите стравот наместо да му се спротивставувате, вие ќе можете да се соочите со другите наместо да ги избегнувате.

3. Не ја бркајте довербата

Ако вашата цел е доверба можеби мислите дека треба да запомните цела енциклопедија за социјални вештини за да функционирате нормално. Кога кажувате дека сакате доверба, вие кажувате дека ја немате. Вие сте си доволни такви какви што сте, нема потреба од бркање доверба.

4. Автентичност

Прифатете дека е во ред некој да не ве сака. Исто така сфатете дека и вие не можете секого да го сакате. Ако ги криете вашите вистински мислења и желби за некој да ве прифати, тогаш не им дозволувате на другите да ве знаат. Едноставно бидете вие.

Направете го и овој тест кој ќе ви открие дали патите од социјална анксиозност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар