Освежителен овошен коктел со јагоди, грозје и лимета за топлите и долги летни денови

Освежителен овошен коктел со јагоди, грозје и лимета за топлите и долги летни денови

Сè што ви е потребно ова лето за освежување

Потребни состојки:
  • 50 грама јагоди
  • 50 грама црно грозје
  • 50 грама бело грозје
  • 200 милилитри сок од лимета, свежо исцеден
  • 1 лимон исечкан на тенки кругови
  • Листови нане
  • Лед
Начин на подготовка:

Измијте го свежото овошје и ставете го во блендер. Потоа додајте го сокот од лимета заедно со неколку коцки лед. Немојте да матите на најголема брзина бидејќи ќе ви се направи пена и внимавајте да не матите повеќе од 3 минути од истата причина.

Пред послужување, добро разладете го пијалакот и во бокалот ставете ги круговите лимон, заедно со листовите нане што ќе му дадат на пијалакот дополнителна свежина.

Бонус совет: Ако не сакате да ви останат кори од грозјето, последните 10-тина секунди матете на најголема брзина, а потоа сипете го пијалакот во бокал и веднаш додајте повеќе лед за да спречите формирање пена.

Погледнете ги и овие 10 одлични финти со овошје кои можете да ги испробате дома.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар