10-те најжешки влогерки (и влогери) за убавина со кои секоја трендсетерка е опседната

10-те најжешки влогерки (и влогери) за убавина со кои секоја трендсетерка е опседната

Влогерките и влогерите за убавина се еден од најлесните и најбрзите начини да научите различни трикови за шминкање, да дознаете кои продукти вредат да се купат, како и да гледате забавни предизвици кои ќе ви го направат денот подобар. Во продолжение следуваат најпознатите, како и најубавите во оваа индустрија што без сомнение и вие би сакале да ги заследите!

1. Фара Дукаи

Оваа влогерка се проби преку Инстаграм. Таа е најпозната преку 15-секундните видеа за шминкање со која ги освојува сите нетрпеливи девојки. Фара исто така споделува голем број мејкап совети и трикови, како и начини на кои можете да се грижите за вашата кожа со домашно подготвени рецепти.

2. Мени Муа

Како што сигурно веќе знаете, постојат голем број момци што брзо се пробиваат во оваа индустрија и Мени е еден од нив! Тој е навистина талентиран кога станува збор за нанесување сенка за очи, и навистина знае како да го пренесе своето знаење.

3. Ники Туторијалс

Ако го помните видеото „Power of Makeup“, тогаш сигурно веќе ја знаете Ники, како и нејзиниот неверојатен талент. Оваа девојка едноставно не може да згреши кога станува збор за шминка. Таа неодамна дури направи и видео користејќи детска шминка и крајниот резултат беше едноставно беспрекорен.

4. Никита Драгн

Ако не сте имале можност да ја погледнете оваа девојка, тогаш не знаете што пропуштате. Таа објавува многу мејкап туторијали, а најпозната е по оние како да направите вашите усни да изгледаат поголема. Исто така често одговара на прашања од нејзините гледачи и отворено зборува за нејзината транзиција и искуствата со пластична операција.

5. Криспи

Криспи е неверојатна кога станува за шминка, како и вистински мастер за трансформација во карактери како Пикачу или Дори. И покрај тоа што нејзиниот талент за драматични трансформации е неверојатен, таа исто така е и одлична за сите оние што се почетници во светот на шминката.

6. Тени Панозиан

Тени е уште еден фантастичен ресурс за едноставен изглед што можете да го направите за на училиште, за на работа, па дури и за посебни прилики. Можеби нема да најдете луди трансформации на нејзиниот канал, но токму тоа ја издвојува од останатите и ја прави уникатна. Сите нејзини видеа се за тренди, но класичен изглед.

7. Џефри Стар

Џефри дефинитивно не е личност што бега од силните, разновидни бои. Тој исто така е и еден од најдобрите кога станува збор за забавни коментари во текот на туторијалите. Шала на страна, тој ќе ви помогне да излезете од вашата удобна зона и да бидете похрабри при градење на својот изглед.

8. Кошал Бјути

Вие едноставно ќе ја обожавате оваа девојка. Нејзините туторијали се лесни за следење, и таа дава навистина детално објаснување за сите продукти што ги користи. Исто така создава едноставни, но совршени предлози за шминка кои зрачат со чик гламур.

9. Шејла

Овој канал е токму тоа што ви недостасуваше во животот. Мејкап техниките на Шејла се беспрекорни и неверојатни. Таа создава микс од различни видови изгледи, започнувајќи од драматични храбри усни, до исончан тен. Исто така, таа има едни од најдобрите осврти на мејкап продукти.

10. Кристен Лиен

Кристен без сомнение има сопствен, уникатен стил. Тоа што сите го сакаат кај неа е и фактот што постојано се бори против компаниите за убавина што тестираат на животни, и користи само шминка што не вклучува никакво насилство при тестирање. Исто така, ако сте расположени за храбри мејкап трендови, нејзиниот канал треба да ви биде прв на листата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар