Нов вид изневерување: Финансиско неверство

Партнерот кој е финансиски неверен често ги сокрива податоците за својата сметка. Само што се помиривме со фактот дека поголем процент од мажите (но и жените) го изневеруваат својот партнер, во речникот доаѓа нов вид неверство – финансиско неверство. Сексот со друга личност и емоционалната оддалеченост е едно, но што ако вашиот партнер ве изневерува кога се во прашање сметките? Финансиското неверство лошо влијае на врската, а ако не сте сигурни дали вашиот партнер го прави тоа, обрнете внимание на овие предупредувачки знаци.

1-nov-vid-na-neverstvo-finansisko-neverstvo-www.kafepauza.mk_

Посебни банкарски сметки

Ако сте во врска, јасно е дека ќе имате посебни сметки, но ако сте во брак, брачните парови често ги спојуваат своите сметки или барем имаат пристап до сметката на партнерот. Мажот кој е финансиски неверен често ги крие податоците за својата сметка, ја средува кога нема никој околу него и не сака да споделува никакви идеи за заедничко водење на парите.

Преголема контрола

Понекогаш мажите сакаат да ја преземаат контролата над финансиите, што ги вклучува сметките и разните давачки. Ако не сте добри во водење на парите или ви е сеедно кој ги плаќа сметките, внимавајте: можеби неговиот недостаток на доверба е поради тоа што крие нешто. Не е добро само една страна да одлучува за тоа како ќе се трошат парите, па ако моментално сте во ваква фаза, кажете му на партнерот дека активно сакате да учествувате во донесувањето на одлуките.

Криење на состојбата на сметките

Сметката за неговата кредитна картичка може да биде причина за неговото финансиско неверство, особено ако е преголемо. Можеби купува глупости кои не може да ги купи со сопствени пари, па ги купува со заедничките, што не е во ред, особено ако вие не сте информирани за тоа. Ако се трошат заедничките пари, тогаш имате право да знаете на што точно.

Одбивање за водење заедничка сметка

Секако дека секој од вас има посебни желби, но ако живеете заедно и планирате иднина, тоа значи дека и вашите сметки треба да бидат усогласени. Ако мора да купите нов фрижидер, купете го од заедничките пари, за подоцна да не се карате кој колку потрошил и на што.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар