6 ефективни начини за брзо приоритизирање на работните задачи

Добро организираното време е време кое не е залудно потрошено. Дури и кога распоредот ни е преполн, со добра организација и приоритизирање може да се постигне сѐ и тоа многу попродуктивно од кога било.

Една од најголемите грешки кои ги правиме е мешање на важните и итните работи кои треба да ги завршиме. Важните се оние кои треба да се со највисок приоритет бидејќи најчесто се витални за нешто што следи понатаму и како такви имаат улога во постигнување на нашите цели. Итните, пак, се оние за кои мора да најдеме начин да ги вметнеме во дел од денот, а кои одземаат најголем процент од нашето време без да имаат некое долгорочно влијание. Па бидејќи најчесто им даваме предност на итните, наместо на важните обврски, од големo значење е правилно да ги приоритизираме работите за да не застраниме од нашата цел и она што имаме намера да го завршиме тој ден.

(1)-6-efektivni-nachini-za-brzo-prioretiziranje-na-rabotnite-zadachi-kafepauza.mk

Бидејќи е факт дека добриот распоред остава време за постигнување и на важните и на итните обврски, а приоретизирањето придонесува за ефективноста и продуктивноста во нивното извршување, следните неколку совети можат да ви помогнат правилно да го испланирате денот и да бидете проактивни.

1. Направете повеќе списоци

Ова ќе ви помогне да согледате што ви е поитно и што побрзо треба да направите, а истовремено ќе ви овозможи да завршите повеќе работи истовремено (на пр. имате работа во центарот на градот, но по пат натаму можете да завршите уште некоја обврска).

2. Поставете приоритети на дневна база

Не го оставајте за утре она кое е поважно да го направите денес. Така ќе ја зголемите продуктивноста и навреме ќе ги завршите обврските, па на крајот ќе ви остане и слободно време.

3. Откријте во кој дел од денот сте најпродуктивни

Ова е периодот од неколку часови во денот кога сте најполни со енергија, па тогаш многу побрзо, полесно и поефективно ги завршувате задачите кои ги имате пред себе.

4. Прегледајте ги мејловите рано наутро

Уште на самиот почеток на денот ќе имате увид во обврските кои ве чекаат баш тој ден и оние кои можете да ги оставите за понатаму. Колку порано добиете информација што ве чека тој ден, толку побрзо ќе можете да направите добар распоред за тој и за наредните денови.

5. Запишете ги подточките за кои планирате да разговарате

Кога и да треба да направите телефонски повик, однапред запишете ги подточките за кои планирате да разговарате. На овој начин нема да заборавите нешто, а и ќе заштедите на време така што ќе придонесете за поефективна комуникација.

6. Направете агенда и следете ја

Со агенда пред себе која ќе ви помогне брзо и ефективно да ги следите чекорите во која било дискусија, ќе заштедите многу време. Добрата организација и ефикасно искористеното време ќе придонесат за поголема продуктивност.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар