Нешта кои може да ги давате и кога немате пари

Нешта кои може да ги давате и кога немате пари

Оние кои даваат, живеат подолго. Не мора да имате пари за да имате што да дадете. Има други валути со кои можете да направите промена во вашиот живот и во животот на оние околу вас: вашето време, вашите емоции, вашето срце, вашето сочувство…

Денес може да е обичен ден, како секој друг, но може и да се обидете нешто да смените, па давајќи, да добиете повеќе. Колку повеќе сте подготвени да дадете, толку повеќе универзумот ќе се стреми да ви го врати секој „долг“. Овие 11 нешта се многу евтини. Впрочем, за нив не треба ни да посегнете по новчаникот.

Нешта кои може да ги давате и кога немате пари

1. Подарете насмевка, и тоа на секој што ќе го сретнете. За возврат ќе добивате многу насмевки.

2. Споделувајте позитивни мисли за луѓето околу вас, па и за нешто што е поврзано со самите вас. Ќе имате добар живот, а луѓето ќе имаат добро мислење за вас.

3. Упатувајте им љубезни зборови на другите и љубезноста несомнено ќе ве следи во животот.

4. Ширете расположение.

5. Ценете сè околу вас. Со тоа вашиот живот ќе добие повеќе вредност, а вие ќе бидете ценети насекаде.

6. Охрабрувајте. Колку повеќе ги охрабрувате другите, толку повеќе вакви нови предивици ќе се поставуваат пред вас, но и толку повеќе охрабрувачи ќе имате во вашата околина.

7. Оддавајте почит онаму каде што е потребно, а за возврат очекувајте нови луѓе да ја одобруваат вашата почит.

8. Бидете среќни, давајте среќа и уживајте во чувството кое доаѓа со тоа. Тоа и вам ќе ви донесе среќа.

9. Посветете време за некој друг освен за себеси, за некоја повисока цел. За возврат ќе бидете наградени на начини кои можете само да си ги замислите.

10. Влевајте надеж. Гледајте како исчезнува безнадежноста, расте вербата и изобилува задоволството.

11. Молете се за вашите пријатели, но и за оние кои ги доживувате како непријатели. Има толку многу гнев во воздухот, но молитвите ќе поминат долги патеки за да донесат вистински чуда помеѓу сиот тој гнев.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Strawberry Reply

    Подарете насмевка, и тоа на секој што ќе го сретнете. За возврат ќе добивате многу чудни погледи! xD

Напиши одговор на Strawberry Откажи одговор