Не плашете се! Овие работи не се менуваат откако ќе ја изгубите невиноста

Кога една девојка ќе ја изгуби својата невиност се јавуваат разни грижи – како ќе ја гледа друштвото, дали нејзиното мислење за себе ќе се промени, дали нејзиното тело ќе се промени… Иако многу девојки се самокритични, најважно е пред сѐ да се опуштите. Во текстот подолу ќе откриете кои работи остануваат непроменети иако девојката ја изгубила својата невиност.

1-ne-plashete-se-ovie-raboti-ne-se-menuvaat-otkako-kje-ja-izgubite-nevinosta-www.kafepauza.mk_

Кога сте во врска и ќе започнете да размислувате дека треба да одите еден чекор понатаму, треба да ги знаете овие работи кои не се менуваат откако ќе ја изгубите невиноста. Сепак, треба да бидете многу сигурни пред да се одлучите да го направите овој чекор. Губењето на невиноста е посебен чин за секоја девојка и носи многу спомени кои ќе ги помните до крајот на животот.

1. Вашето тело

Ако мислите дека вашиот химен се „кине“ кога имате секс по прв пат, тогаш сте во право. Но, хименот на една жена исто така може да биде скинат и при некои спортски активности како што е на пример, јавање.

2. Вашата вредност

Сите ние пораснавме со приказната која ни ја кажуваа нашите мајки дека жените кои се девици се сметаат за чисти и повредни од што било друго. Запомнете, ако имате секс не се менува ништо и сексот нема да ја намали вашата вредност, ниту пак ќе ве направи нечисти. Ова се само митови.

3. Поразлично мислење

Многу девојки мислат дека другите ќе го сменат мислењето за нив после имањето секс. Ние ве советуваме да не ви е грижа што вашето друштво мисли за вас. Мора да го направите она што мислите дека е најдобро и што ви одговара.

2-ne-plashete-se-ovie-raboti-ne-se-menuvaat-otkako-kje-ja-izgubite-nevinosta-www.kafepauza.mk_

4. Чувства

Кога имате секс со саканата личност размислете за чувствата. Чувствата имаат тенденција да се зголемат после интимниот однос. Ако размислувате за раскинување после односот, тогаш тоа е погрешно.

5. Вашиот морал

Не впуштајте се во интимни односи додека не станете доволно зрели за да ја преземете одговорноста. Избегнувајте ги негативните мислења за сексот. Научете да уживате во него, но не заборавајте дека задолжително треба да користите заштита.

6. Вашиот однос

Кога имате секс со личноста која ја сакате, тоа ја прави вашата врска појака. Ако имате секс со некој маж со кого само флертувате, не го очекувајте истото. Научете да бидете практични пред да го прифатите повикот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар