Лек запишан во Библијата, стар 3.500 години: Моќен чај кој го обновува имунитетот

Лек запишан во Библијата, стар 3.500 години: Моќен чај кој го обновува имунитетот

Во Библијата маслиновото дрво се спомнува повеќе од 1.000 пати, но бидејќи во денешно време најпопуларниот дел од него се самите маслинки, многумина не знаат дека и самото стебло, како и лисјата се неверојатно лековити. Најзначајната состојка во лисјата од маслиновото дрво е олеуропеинот, кој поседува неверојатни антибактериски својства.

Лек запишан во Библијата, стар 3.500 години: Моќен чај кој го обновува имунитетот

Маслиновите лисја ја подобруваат здравствената состојба кај голем број болести кои се предизвикани од микроби. Исто така помага при грип, менингитис, хепатитис Б, воспаление на белите дробови, гонореја, менингитис, хроничен умор, ботулизам, чир на желудник и херпес. Од друга страна, може да ви биде од голема помош и при инфекциите на мочниот меур и патишта. Маслиновите лисја ги спречуваат и инфекции настанати од габи.

Пиењето чај од маслинови лисја помага при обновување на целиот имунитет, но исто така служи и за враќање на енергијата кај измачениот организам, на пример, по хемотерапија. Лисјата од маслиновото дрво се многу лековити и можат да ви помогнат да се изборите со многу вируси, паразити, бактерии и габи. Токму затоа и имаат силно влијание врз вашето здравје.

Сè што ви е потребно за овој чај се 15 до 20 исушени маслинови лисја. Во 200, 300 милилитри зовриена вода, додајте ги лисјата и оставете ги на оган уште 2, 3 минути. Потоа тргнете ги од оган и оставете ги да стојат во водата уште 10-тина минути, па извадете ги. Овој чај може да се пие ладен и топол, со мед, лимон или чист. Чајот треба да го пиете секој ден со цел да почувствувате подобрување. Исто така се препорачува и превентивно пиење со цел да ги надитрите наведените болести.

Најдобро е лисјата да ги берете за време на пролетта, кога се млади, да ги измиете и да ги оставите на воздух да се исушат. Чувајте ги затворен сад, скриен од сончевата светлина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар