Направете си маска од алуминиумска фолија и вашето лице ќе заблеска

Направете си маска од алуминиумска фолија и вашето лице ќе заблеска

Сите мислиме дека нема начин да изгледаме добро, доколку утрото кога ќе се разбудиме имаме страшен мамурлак, предизвикан од забавувањето претходната вечер. Сличен изглед, предизвикува и краткиот, недоволен сон. Пиење големи количества вода, помади за хидратација на кожата и еден тон коректори за осветлување на подочниците, се дел од нештата коишто треба да се испробаат, за да не изгледате како вампир во текот на денот.

Но, професионалниот шминкер Реми Гафни предлага еден нов, генијален и креативен трик кој тврди дека ги намалува подочниците, а секој може да си го направи дома. Потребни ви се само кујнска алуминиумска фолија и ножици.

Направете си маска од алуминиумска фолија и вашето лице ќе заблеска

Начин на правење на маската:

Пресечете неколку парчиња од алуминиумската фолија, доволно големи за да можете со нив да го прекриете вашето лице. Со ножиците направете дупки за очите и носот, а потоа ставете ги во ладилник околу еден час. Така изладените алуминиумски маски, наредете ги врз лицето, прилагодувајќи ги на неговата форма со притискање. Ладете го лицето 10-15 минути, а потоа отстранете ја маската.

Гафни тврди дека оваа маска ги отстранува сите негативни ефекти од мамурлакот врз вашето лице, а воедно може да помогне и за некои бјути проблеми, кои не се поврзани со консумацијата на алкохол. Маската, објаснува тој, е одлична за намалување на отеченоста и црвенилото, смирување на воспалено лице, стеснување на порите и комплетно зацврстување на кожата.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар