Најздравиот колач на светот кој содржи само 2 состојки

Најздравиот колач на светот кој содржи само 2 состојки

Ова е колач од само две состојки, односно мед и сусам, а е многу здрав и лековит, така што секој би требало да го проба. Се нарекува пастели и отприлика е стар околу 6.000 години, а се споменува и во многу стари записи. Него го консумирале борците за да имаат сила пред да одат во борба, а жените со него ја стимулирале работата на хормоните.

(1) Најздравиот колач на светот кој содржи само 2 состојки

Еве кои се неговите предности:
  • Содржи многу витамини и минерали
  • Содржи антиоксиданси
  • Ги регулира маснотиите во крвта
  • Дава енергија за извршување тешки физички работи
  • Го намалува чувството на депресија
  • Го подобрува расположението
  • Го намалува холестеролот

(2) Најздравиот колач на светот кој содржи само 2 состојки

Потребни состојки:
  • 300 грама паста од чист мелен сусам (се нарекува тахини)
  • 300 грама мед
Начин на подготовка:

1. Добро промешајте ги состојките и потоа направете топчиња со големина по ваша желба.

2. Ставете ги во фрижидер за малку да се стегнат.

Совет:

И самите можете да направите тахини. За ова ќе ви бидат потребни излупени, пресни семки од сусам, малку масло од сусам, но може да користите и маслиново или сончогледово (две лажички масло се ставаат на 70 до 150 грама семки). Пред да ги смелите во блендер, потребно е семките малку да ги запржите на тивок оган, додека не добијат златна боја. Но, внимавајте да не ви изгорат, затоа што ќе бидат горчливи. Ставете ги во блендер, додајте го маслото и матете додека не добиете мазна и густа смеса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар