Ролки: Моден тренд кој ќе биде многу популарен и во новата 2017-та година

Ролките се носеле отсекогаш. Навистина, низ годините, па дури и низ векови, го менувале својот облик и парчињата на кои се наоѓале, но многу потсетуваат на викторијанскиот стил, бидејќи тогаш сите фустани кои ги носеле девојките имале високи јаки кои наликуваат на она што ние денес го нарекуваме „ролка“. Баш такви, по малку во тој старомоден стил, ролките и денес се во тренд, а тој ќе продолжи и наредната година, поточно ова парче облека девојките и понатаму со задоволство ќе го избираат за своите модни комбинации.

1-rolki-moden-trend-koj-kje-bide-dosta-popularen-i-vo-novata-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

1. Џемпер-ролките се одличен избор за студените денови, со оглед на тоа што ќе ви ја овозможат потребната топлина, удобност, но и совршен изглед. Во комбинација со панталони со рамен крој и капут или некоја бунда, ќе добиете изглед кој ќе остава впечаток на елеганција и стил на кој сите ќе ви завидуваат.

2-rolki-moden-trend-koj-kje-bide-dosta-popularen-i-vo-novata-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

2. Кога сме веќе кај викторијанскиот стил, таквите парчиња можете да ги искористите и за модна комбинација која е одраз на нежност и романтика. Ваква комбинација можете да направите за некоја свечена прилика или за вечерно излегување. Заедно со едноставни, елегантни панталони, можете да комбинирате ролка која во целост е од чипка, со повисока јака и ракави кои пополека се шират во долниот дел.

7-rolki-moden-trend-koj-kje-bide-dosta-popularen-i-vo-novata-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

3. Ресите на рацете се доста популарни оваа сезона, а посебно кога ракавите се целосно долги, а рамената голи. Совршена комбинација би претставувал спојот на вакви ракави и ролка, што ќе ѝ даде интересен и атрактивен изглед на секоја девојка која би одбрала ваква комбинација. Можете да ги носите во сосема опуштени ситуации, во текот на денот, но ваквиот избор можете да го комбинирате и со нешто елегантно, како на пример здолништа со рамен крој и штикли, при што ќе добиете комбинација која е совршена за излегување, за некои прослави или свечености.

4. Ролките не се резервирани само за џемперите, всушност таа висока јака може да се најде и на кошула која би било одлично да ја комбинирате со плисирано здолнише – тренд кој во моментов ги освојува срцата на сите девојки – а врз сето тоа можете да облечете елек-капут кој ќе ја „зачини“ целата модна комбинација. Со сето ова можете да искомбинирате и некоја мала, елегантна чанта, и патики кои ќе ја поедностават оваа комбинација и ќе ја направат далеку помодерна.

5-rolki-moden-trend-koj-kje-bide-dosta-popularen-i-vo-novata-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

5. Ваквите парчиња гардероба се одлични за комбинирање со лежерни парчиња, како би ги носеле во секојдневни прилики, на работа, на кафе со другарките, но се одлични и во комбинјација која не е наменета за дневна варијанта. Секогаш ќе имате интересен и модерен изглед, т.е. стил кој сигурно ќе привлекува внимание.

6-rolki-moden-trend-koj-kje-bide-dosta-popularen-i-vo-novata-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар