Највкусните лазањи со зеленчук

Највкусните лазањи со зеленчук

Ако сте љубител на италијанските специјалитети, но не јадете месо, направете ги овие феноменални лазањи со сладок компир, тиквички, спанаќ и вкусен прелив од сирење.

Највкусните лазањи со зеленчук

Потребни состојки:

  • 2 жолти или црвени пиперки
  • 1 тиквичка, околу 300 г
  • 1 голем сладок компир
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 голем кромид
  • малку буковец
  • 2 чешниња лук
  • 800 г ситно сечкан домат
  • 2 лажици оригано
  • 1 коцка супа од зеленчук
  • 200 мл ладна вода
  • 100 г млад спанаќ
  • 10 листови лазањи
  • сол и бибер

За сос од сирење:

  • 75 г обично брашно
  • 75 г путер на коцки
  • 750 мл млеко
  • 125 г зрело чедар сирење, крупно изрендано
  • 75 г моцарела

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 °C. На пиперките отстранете им ги семките и ситно исечкајте ги, исечкајте ги и тиквичките, излупете ги слатките компири и ситно исечкајте ги па ставете ги во плех. Додајте 2 супени лажици масло за јадење, зачинете со сол и бибер и ставете ги во рерна да се печат околу половина час, додека зеленчукот не омекне.
  2. Додека зеленчукот се пече, во тава загрејте ја преостанатата лажица масло и испржете го исечканиот кромид. Потоа додајте го буковецот и лукот во неа и повторно пржете. Истурете ги сечканите домати, ориганото и раздробената супа во коцка. Додајте ја водата и варете 10 минути на тивок оган, редовно мешајќи.

Начин на подготовка на сосот од сирење:

  1. Во голем сад ставете го брашното, путерот исечкан на коцки и млекото и варете ги состојките на средна топлина. Мешајте непрестано со жица за матење додека сосот не згусне и не стане мазен.
  2. Додадете околу 2/3 од сирењето и зачинете по вкус.

Финализирање на подготовката:

  1. Извадете го зеленчукот од рерната и додајте го во големата тава со домати.
  2. Додадете го и спанаќот на неа и гответе уште 3 минути и зачинете.
  3. Наредете еден слој лазањи во намастен плех, потоа ставете една третина од смесата со зеленчук, па наредете друг слој лазањи.
  4. Истурете малку од смесата од зеленчук над неа, а потоа повторно наредете лазањи.
  5. Истурете го сосот со сирење и оставете го преостанатиот дел од мешавината од зеленчук.
  6. Покријте со последниот слој лазањи, а потоа и остатокот од сосот со сирење.
  7. Одозгора нарендајте уште малку сирење.
  8. Печете 35-40 минути т.е. додека лазањите не омекнат или додека не добијат златно кафена боја.
  9. Оставете ги 5 минути да се изладат, а потоа исечете ги на парчиња.

Можеби сакате да пробате нешто поинакво како тост во рерна.

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар