Пробајте нешто поинакво: Тост во рерна

Доколку сте љубители на тостови и сендвичи, тогаш пробајте малку поинаков рецепт: тост подготвен во рерна. Сигурни сме дека ќе уживате!

Тост од рерна

Потребни состојки:

  • 200 г тост леб
  • 50 г путер
  • 100 г моцарела
  • половина лута пиперка (не мора)
  • прстофат бибер
  • 100 г кулен

Начин на подготовка:

  1. Исечете ги крајчињата на тост лебот и секое парче пресечете го на половина.
  2. Секоја половинка леб намачкајте ја со путер и наредете ја со намачканиот дел надолу во правоаголна тава за печење.
  3. Врз лебот наредете парчиња моцарела, коцки кулен, парченца пиперка и наросете со бибер.
  4. Наредете ги одозгора преостанатите половинки тост леб.
  5. Печете 15 минути во загреана рерна на 180 ᵒC.

Уживајте!

Можеби сакате да го дознете и овoj многу едноставен рецепт за крцкави полжави со зелка.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар