Нови поими во машко-женските односи: Дали имате свој „орбитер“, „мостинг“ или „диплајкувате“ некого?

Нови поими во машко-женските односи: Дали имате свој „орбитар“, „мостинг“ или „диплајкувате“ некого?

Социјалните мрежи, преку современите комуникациски „поими“, дефинитивно направија револуција во љубовта. Машко – женските односи се завртени за 180˚, и затоа се создадени нови термини за да се објаснат сите овие новини.

Нови поими во машко-женските односи: Дали имате свој „орбитар“, „мостинг“ или „диплајкувате“ некого?

Дали некогаш сте слушнале за терминот „орбитар“? Не, тоа нема никаква поврзаност со орбитата на планетата. Се работи за сосема поразличен „круг“ и воопшто не е пријатен. „Орбитар“ е, како што објаснува американската блогерка Леандра Медин Коен, личност која ја игнорира вашата порака на социјалните мрежи или на разни апликации каде сте ја побарале, иако постојано следи сè што објавувате на Фејсбук и Инстаграм. Можеби ве блокирала на телефон, па затоа секогаш кога ја повикувате линијата е зафатена, или на улица се прави дека не ве познава, но тоа не значи дека нема да ѝ се допадне фотографијата што сте ја објавиле тој ден. Такво однесување најчесто имаат поранешните партнери. Значи, важно за неа е да ве игнорира, но и да не ве остави целосно. Која е целта на ваквото однесување?

Според Џо Бернет, експерт за партнерски односи, тоа е одличен начин на кој и себеси и поранешниот партнер може да го доведете до лудило. Тој вели дека само оној кој е деструктивно и мазохистички настроен има желба постојано да следи личност од минатото на друштвените мрежи.

Психолозите објаснуваат дека „орбитарите“ се склони кон мелодрама.

Тие сакаат да направат претстава од сè, што би претставувало ништо друго освен „нагласување на егото“, според нив. Најдоброто нешто што може да го направите доколку ги имате во вашиот живот, е да ги избришете или блокирате, бидејќи може само да ве вознемируваат, никогаш нема да ви донесат нешто добро.

Но, тоа не се единствените „новини“, постои цела низа нови трендови и термини.

„Диплајкувате“ ли некого?

Ако забележите дека некому му се допаѓаат  вашите постови од пред неколку години, коментира на фотографија која и сами сте ја заборавиле, значи влезени сте во игра наречена „диплајкинг“. Поточно, овој термин го објаснува феноменот на „копање“ низ минатото, она дигиталното минато, при што личноста ви дава до знаење дека е заинтересирана за вас. А вие самите донесете одлука како да одговорите на тоа!

Тука е и еден стар тренд кој добил ново име. Се нарекува „мостинг“, и ќе го препознаете преку однесувањето на луѓето кои веднаш штом ве запознаат, почнуваат да ви делат комплименти и потоа исчезнуваат! Ви кажуваат дека сте најдобри на светот, се восхитуваат на вашиот изглед, на вашата интелигенција, постојано ви пишуваат пораки, а следниот ден, или евентуално по неколку дена, „пропаѓаат в земја“. Ги снемува. Тие не ви оставаат простор да ги побарате за било какво објаснување.

Според психолозите, за некого „мостингот“ е забавен. Сепак, тој не е пристоен, цивилизиран начин за меѓучовечки однос. Ова го практикуваат луѓето кои всушност сакаат само површен однос со некого, односно краткотрајна забава. Но, бидејќи се свесни дека тоа не оди лесно, тие даваат комплименти и ѝ кажуваат на личноста дека е совршена, се трудат да ја придобијат, и кога ќе го добијат она што го сакаат, ги снемува без траг и глас. Прво го наметнуваат чувството на поврзаност, а потоа заминуваат.

Уште помалку пријатно е да се биде жртва на „гоустинг“. Терминот е измислен за да се објасни ситуацијата кога помислувате дека сте налетале на добар дух (Каспер) лично, да се забавувате со него, да се смеете и уживате, а потоа го снемува. Тој нема да ве удостои ниту со порака за крај. Ве блокира на телефонот, а ќе се потруди да не се случи ни случајна средба.

Белгиската психотерапевтка Естер Перел смета дека овие и слични феномени се појавиле затоа што луѓето сè повеќе бараат недефинирани односи.

Според неа, ова води до „стабилна двосмисленост“. Луѓето се плашат да бидат сами, но не се ни подготвени да изградат подлабоки интимни односи. „Гоустингот“ укажува на недостаток на емпатија во општеството. Тоа е начин на однесување на личности кои не знаат да се соочат со другите, па затоа, во обид да избегнат конфликт и поглед „очи во очи“, тие ја прекинуваат врската со тоа што исчезнуваат. Тоа не е ништо друго, освен слабост. Лицето сака да се заштити себеси, така што избегнува директен разговор кој може да биде драматичен и непријатен. Другата страна, заради начинот на кој е оставена да страда, ја губи самодовербата и се чувствува беспомошно и поразено.

Но, понекогаш се случува по оставањето без поздрав, лицето без никаква најава повторно да се врати во животот на поранешниот партнер. Тоа се нарекува „хаунтинг“ и почнува така што личноста прво ќе ве одблокира, а потоа повторно ќе ве побара за пријател како ништо да не се случило.

Нови поими во машко-женските односи: Дали имате свој „орбитар“, „мостинг“ или „диплајкувате“ некого?

„Гетсбинг“ освојување

Доколку ви се чини дека некој „ве чува на клупата“ како „резервен играч“, додека се забавува со други, значи дека сте во „репер“. Но, доколку имате чувство дека сте во бајка, конечно го пронајдовте вашиот принц, кој, сè уште не ве запознава со пријателите, ви одговара на пораките само во вечерните часови и не сака да разговара за заедничка иднина, многу е веројатно дека ви се случува „бредкрамбинг“. Терминот е сличен на „сцена“, во кој се опишува врската во која сè изгледа сериозно, но едниот партнер сè уште не објавува заеднички слики на социјалните мрежи и крие во јавноста дека е зафатен.

Во светот е многу популарна и појавата наречена „гетсбинг“, која е поврзана со книгата и филмот „Големиот Гетсби“, во кој главниот лик г. Гетсби (кој го глуми Леонардо ди Каприо) редовно организира гала забави за меѓу гостите да биде и девојката која му се допаѓа. Сите останати гости не се важни. Тој модел е прифатен во новиот свет на машко-женски односи, но изменет. Поточно, кога некој сака да привлече некого, постојано објавува снимки и фотографии од разни настани каде присуствува. Младите се многу вешти и активни во ова, па затоа редовно ја користат опцијата „во живо“ на социјалните мрежи, за да може да известуваат во живо од возбудливите места. Тие сакаат да фасцинираат одредена личност, и мислат дека ќе успеат со секојдневно „бомбардирање“со објави.

Се повеќе популарни се и претставниците на т.н. „гаслајтинг“. Овој термин опишува ситуација во која лицето постојано лаже и не ја признава својата вина, а истовремено го напаѓа својот партнер, навредувајќи го и во тоа вклучува и други луѓе, наведувајќи ги наводните (негативни) коментари кои целосно ќе го дескредитираат.

И, конечно, еве го и терминот „мастурдејтинг“, кој претставува градење врска сам со себе. Некои луѓе одлучуваат дека повеќе нема да ја бараат другата половина, не се ни обидуваат да се забавуваат со друг, се вртат само кон себе. Тие излегуваат на убава вечера, во театар или кино, се шетаат во романтичниот дел на градот и изгледа како да го прават тоа со специјална личност. Така се запознаваат самите себе.

Психолозите велат дека ова е начин човек да открие кој е тој навистина и што го радува, ова е искуство кое ослободува и зајакнува и испраќа моќна порака до мозокот.

„Сноуменинг“ разделба

Фактот дека за време на празниците се јавуваат романси кои се гаснат веднаш по денот на прославата и општата еуфорија, бил иницијатива за создавање на нов термин „сноуменинг“.

Божиќ, на пример, е одлична можност за славење и запознавање на некој посебен. Меѓутоа, веднаш штом се раскренат украсите и ќе престане да се точи пијалок, „хемијата“ исчезнува. Истражувањата покажуваат дека многу луѓе се повлекуваат од новите врски, па затоа овој тренд се нарекува „сноуменинг“ и трае колку еден снешко.

Можеби сакате да прочитате и за начинот на кој вашиот партнер ви искажува љубов покажува колку тој ве цени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар