Нема помудар народ од Евреите: Сите се жалат на недостатокот на пари, но никој на недостатокот на мозок

За Евреите се вели дека се најмудриот народ во светот. Прочитајте ги овие еврејски поговорки, па сами одлучете дали е така.

Нема помудар народ од Евреите: Сите се жалат на недостатокот на пари, но никој на недостатокот на мозок

„Адам – првиот среќник на овој свет затоа што немал тешта.“

„Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем, туку трошок.“

„Плашете се од јарецот однапред, од коњот одназад, од будалата од сите страни.“

„Човекот мора да живее барем поради љубопитност.“

„Родителите ги учат децата да зборуваат, децата ги учат родителите да молчат.“

„Можеби јајцата се многу попаметни од кокошките, но брзо се расипуваат.“

„Мажите би направиле повеќе работи кога жените би молчеле.“

„Потешко е да се молчи отколку да се зборува добро.“

„Лошата жена е полоша од дождот: дождот ве тера да се приберете во домот, а лошата жена ве брка од домот.“

„Боже, помогни ми да станам, да паднам можам и сам.“

„Ако животот не се менува на подобро, почекајте – ќе се промени на полошо.“

„Колку и да е слатка љубовта, од неа не можете да направите џем.“

„Бирајќи помеѓу две зла, песимистот ќе ги избере и двете.“

„Сите се жалат на недостатокот на пари, но никој на недостатокот на мозок.“

„Кој нема деца, добро ги воспитува.“

„Искуството е збор што луѓето го употребуваат за да ги именуваат своите грешки.“

„Сива коса – знак на старост, а не на мудрост.“

„Со пари во џебот вие сте мудри, убави и убаво пеете.“

„Како што стареете, гледате полошо, но и повеќе.“

„Каде што ѓаволот не може сам, испраќа вино таму.“

„Честа е како млеко: се валка и од најмалата раска.“

„Прво пиеме вино, потоа виното пие вино, и на крај, виното нè пие нас.“

„Ако имате горчина во срцето, шеќерот во устата нема да ви помогне.“

„Бог нека ве чува од злобните жени, а од добрите чувајте се сами.“

„Кога мислите дека нема излез од некоја ситуација, има најмалку четири.“

„Мудар човек слуша еден збор, но разбира два.“

„Научете да молчите за да знаете да зборувате.“

Прочитајте ги и овие 17 јапонски поговорки што ќе ги променат вашите ставови кон животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар