5 совети од еден менаџер за стилот на облекување при интервју што ќе ги зголеми вашите шанси за вработување

5 совети од еден менаџер за стилот на облекување при интервју што ќе ги зголеми вашите шанси за вработување

Според статистичките податоци, менаџерот носи одлука за избор на одреден кандидат во првите 30 секунди од разговорот. Тој може да го процени начинот на однесување и изгледот на потенцијалниот работник во толку краток временски период. Ова значи дека облеката игра важна улога во оваа ситуација. Повеќето луѓе знаат дека работодавачот не ја цени неуредноста, лошиот стил и облеката што премногу открива. Но, понекогаш работите не се толку едноставни.

Еве што мислат менаџерите за облеката на кандидатите и како стилот на облекување може да влијае врз нивната конечна одлука.

1. Бојата на облеката влијае на тоа како другите луѓе ве перципираат

5 совети од еден менаџер за стилот на облекување при интервју што ќе ги зголеми вашите шанси за вработување

Најголемата веб-страница за кариера, „CareerBuilder“, спровела истражување меѓу работодавците за да открие како менаџерите ја перцепираат бојата на облеката што потенцијалните вработени ја избираат да ја носат на интервјуто за работа. Се покажало дека сивата боја е поврзана со професионализмот и логиката. Луѓето кои носат бела облека се сметаат за поорганизирани, додека кандидатите во црно биле поврзувани со лидерството. Виолетовата и зелената боја ги натерале работодавците да ги перцепираат кандидатите како посигурни во себе и покреативни.

Според резултатите, портокаловата се смета за „најнепрофесионална“ боја. Работодавците, исто така, брзо се уморуваат од црвената и жолтата боја. Сината облека добила позитивна оцена и менаџерите мислат дека добрите вработени честопати избираат да ја носат оваа боја.

2. Облеката што е премногу светла може да се смета за предупредувачка

5 совети од еден менаџер за стилот на облекување при интервју што ќе ги зголеми вашите шанси за вработување

Облеката што е премногу светла и екстравагантна може да укаже на желба за привлекување внимание по секоја цена и тоа може да има негативен ефект врз мислењето на работодавецот. Можеби ваквата боја ќе ги натера да се сомневаат во вистинските карактеристики на кандидатот. Дури и ако аплицирате за некое работно место и работодавачот ја цени вашата креативност, брзо размислување и способност за решавање на проблемите, подобро е да избегнувате да изгледате премногу екстравагантно.

Менаџерите советуваат да ги потенцирате вашите најдобри карактеристики со необични додатоци како брош, часовник или интересни очила. Но, не претерувајте! Подобро е да не привлекувате внимание на повеќе од 2 делови од телото одеднаш. И не заборавајте на чувството за стил и добар вкус. На пример, носењето очила за сонце на челото остава лош впечаток.

3. Работодавачот може брзо да ве отфрли ако смета дека не се „вклопувате“

5 совети од еден менаџер за стилот на облекување при интервју што ќе ги зголеми вашите шанси за вработување

Пред да се упатите на интервју за работа, обидете се да откриете дали постои кодекс на облекување и како обично се облекуваат вработените во компанијата. Од една страна, за многу професии, строгиот стил на облекување е најдобрата опција. Но, на пример, носењето деловен костум изгледа соодветно за работа во банка, но ако изберете да го носите во агенција за односи со јавноста, ќе изгледате како „црна овца“. Вашиот изглед треба да го натера менаџерот да почувствува дека ги споделувате истите корпоративни вредности и ќе може да се вклопи. Доколку сте премногу различни од останатите вработени, потсвесно сте го натерале работодавецот да одлучи да не ве вработи.

Ако сте креативно лице како фотограф, музичар, дизајнер, актер или новинар подобро е да изберете поопуштен изглед кој ќе го истакне вашиот сопствен стил. Истото важи и за компаниите со млади професионалци кои не сакаат да се придржуваат кон строгиот кодекс на облекување.

4. Менаџерот секогаш ќе забележи дали носите нова облека

5 совети од еден менаџер за стилот на облекување при интервју што ќе ги зголеми вашите шанси за вработување

Ако сте купиле нова облека, заради интервјуто за работа, подобро е да ја облечете барем еднаш пред да одите на интервју. На овој начин ќе можете да осетите дали се чувствувате удобно во неа и да забележите евентуални недостатоци. Во спротивно, носењето на овие сосема нови алишта може да се претвори во катастрофа. Можеби сте заборавиле да ја извадите етикетата или да ја тргнете цената.

5. Кога се чувствувате непријатно во облеката, работодавачот го забележува тоа

5 совети од еден менаџер за стилот на облекување при интервју што ќе ги зголеми вашите шанси за вработување

Се разбира, треба да посветите доволно внимание на вашиот изглед. Но, ако одлучите да носите нешто сосема необично за вас, работодавачот ќе го забележи тоа. Овој вид на облека веројатно ќе влијае на начинот на кој се доживувате себе си и на вашата самодоверба.

Не избирајте облека што е премногу тесна или премногу широка. Изберете ткаенини што не се гужваат премногу. Според статистичките податоци, овој проблем со облеката најмногу влијае врз нашата самодоверба. Не избирајте фризура или шминка што не би ја носеле во вашиот секојдневен живот. Едноставно бидете природни.

Можеби бевте одбиени на интервју за работа? Еве 8 работи кои треба да ги знаете за да се чувствувате подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар