Најголемите летни трендови на нокти во светот

Без разлика дали ви треба инспирација за следниот пат кога ќе закажете на маникир или пак, сакате да почнете сопствен „направи сам“ проект, во продолжение следуваат најголемите летни трендови во светот на ноктите.

Две бои за двете раце

Не можете да се одлучите помеѓу две пастелни бои? Одберете ја едната боја за десната, а другата боја за левата рака. Проблемот е решен!

Минималистичко светкање

Кој би рекол дека овие два збора можат да одат во една реченица? За да го пробате овој тренд, сè што треба да направите е една вертикална линија со светки. Ако самите се лакирате, тогаш поставете лента селотејп на едната страна и водете се по неа за линијата да биде совршено права.

Бледо жолто

Оваа нијанса е голем хит за оваа сезона, а тоа воопшто не изненадува со оглед на фактот што е совршената летна боја – таа е како сончева светлина во шише!

Уметноста на Пикасо

Тенките црни линии на еднобојна неутрална основа ќе ви овозможат да можете да ги комбинирате вашите нокти со сите парчиња облека во вашиот шкаф.

Колоритни цветови

Цвеќиња за летната сезона? Неверојатно откритие! Шега на страна, цветовите се секогаш најдобриот избор за вашите нокти доколку сакате да го почувствувате летото во целост.

Овие 10 модни трендови ќе владеат во 2018-та година, а многу од нив веќе ги имате во вашиот гардеробер!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар