Мајките откриваат: Чудни знаци поради кои знаеле дека се бремени уште пред симптомите

Мајките откриваат: Чудни знаци поради кои знаеле дека се бремени уште пред симптомите

Необична желба за одреден вид храна, промени во телесната енергија, проблеми со кожата, краткотрајна вртоглавица – сите овие нешта можат да бидат знаци што укажуваат на бременост. Токму поради овие необични симптоми, следниве мајки знаеле дека се бремени уште пред да направат тест.

„Едно утро додека чистев со правосмукалка, размислував што ќе си земам за грицкање. Мојата омилена чоколадо, како и секогаш претходно? Не. Бадеми? Не. Хм, маслинки? Да! Веднаш штом тргнав кон полицата со маслинките, си помислив: ‘Се кладам дека сум бремена’. Иако обожавам маслинки и можат да ги јадам секојдневно, немам потреба за нив на почетокот од денот – освен кога бев бремена со синот. Но, беше прерано да направам тест, па си ја чував оваа мала тајна за себе до крајот на неделата, кога го направив тестот и се потврди дека сум бремена.“ – Марина

„За втората бременост едноставно знаев. Не бев пречувствителна во областа на градите и немав утринска мачнина, но имав мигрени, што е за мене многу невообичаено. Една од нив беше толку силна што не можев да гледам на левото око околу еден час. Следното утро направив тест и го добив својот одговор – бремена!“ – Бранка

„Мојот мачор Зевс почна да ме следи насекаде и постојано сакаше да биде во моја близина. Почна повеќе да мјаука, особено навечер, и спиеше до мене на перница. Го однесов на ветеринар, каде што му направија неколку тестови, но не најдоа проблеми со здравјето. Ветеринарите почнаа да се шегуваат дека можеби сум бремена. Кога се вратив дома направив мало пребарување на Гугл и наидов на многу изјави од бремени жени што го опишуваа истото однесување на своите мачки. И навистина испадна така – јас бев бремена, иако беше прерано за симптоми.“ – Јана

„На самиот почеток од мојата прва бременост се сеќавам дека со сопругот отидовме на вечера (пред да дознам дека сум бремена) и не можев да почувствувам алкохол во својот пијалак, ниту пак неговото влијание. Во друг ресторан, дури и ја вратив својата маргарита затоа што не можев да почувствувам текила во неа. Тоа бил првиот знак дека сум била бремена.“ – Андреа

„Другарка ми опишуваше рани знаци за својата бременост, како екстремен умор и чудни појави на кожата. Додека го зборуваше тоа, во главата ми се вртеше изјавата ‘чудни појави на кожата’. Потоа се погледнав во огледалото и во областа на градите ги забележав чудните израстоци што наликуваа на митесери. Кога сфатив дека она зборува за тоа што мене ми се случуваше, бев во шок. Помислив дека тоа не е возможно затоа што немаше ни месец кога престанав да ги пијам пилулите за контрацепција. Одма отидов во аптека и купив тест за бременост. Резултатот, секако, беше позитивен.“ – Ана

„Една вечер, со сопругот излеговме на пијалак. Следното утро се пробудив и знаев дека сум бремена. Уште не ми доцнеше менструацијата, ниту пак имав мачнини. Ништо невообичаено не ми се случи. Едноставно знаев. Немаше ниту еден знак. Можеби тоа може да се нарече некоја мајчинска интуиција. Подоцна направив тест и излезе позитивен.“ – Татјана

„Кај секоја од трите мои бремености почнав да се однесувам чудно неколку дена пред да требаше да добијам. Тие денови се шетав со насмевка на лицето што никако не можев да ја тргнам, и тоа ми беше знак да направам тест за бременост. Дури ни сопругот не беше изненаден по втората најава, бидејќи го препозна моето непрестајно смеење од првата.“ – Ланаќ

Прочитајте ги и овие 9 чудни факти за бременоста за кои лекарите ретко зборуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Branka Reply

    Jas sum majka na edno dete i pak sum sigorna deka sum bremena imam nekoji cudni znaci na gradite imam sitni bubulici pokraj pupkite i me cesat se nadevam deka sum bremena

Напиши одговор на Branka Откажи одговор