9 чудни факти за бременоста за кои лекарите ретко зборуваат

Што навистина знаеме за бременоста? Гадењето, болките во грбот и необичниот избор на храна им се познати симптоми на сите. Но дали знаете дека неродените бебиња можат да плачат? Дали знаете дека верувањето дека новороденчињата немаат чашка на коленото е лага? Ова се најневеројатните факти за бременоста и новороденчињата за кои веројатно немате слушнато.

1. Мајката навистина може да го носи бебето цела година. Обично бременоста трае 266 денови или 38 недели, од моментот на зачнување до породувањето. Во реалноста овој број може да биде помал или поголем. На пример, Беула Хантер била бремена цели 375 денови. Нејзиниот фетус растел побавно, па поради ова била бремена повеќе од една година. На крајот, родила здраво девојче.

2. Во текот на втората половина од бременоста фетусот мокри и до 0,9 литри урина и пие дел од неа.

3. Матката се зголемува 500 пати во текот на бременоста, но 2 месеци по породувањето се враќа во нормална големина. Матката пред бременоста е со големина на праска, а до крајот на бременоста е голема речиси колку лубеница.

9 чудни факти за бременоста за кои лекарите ретко зборуваат

4. Жената произведува повеќе естроген во текот на третиот триместар од бременоста отколку 3 години кога не е бремена. Во текот на една бременост жената произведува повеќе естроген отколку во текот на целиот живот.

5. Во текот на бременоста не растат само половината и градите на жената, туку и нејзините стапала. Постојат неколку причини за ова – собирање течност во телото, омекнување на зглобовите поради хормонална промена, зголемен притисок на стапалата поради зголемувањето на тежината.

6. Бебињата плачат во стомакот дури и пред да се родат. Оваа способност се развива во третиот триместар. Снимките покажуваат дека бебињата се однесуваат како да плачат, односно ја отвораат устата, го исплазуваат јазикот и дишат неправилно.

9 чудни факти за бременоста за кои лекарите ретко зборуваат

7. Чест придружник на бремените жени е пигментацијата. 90% од мајките се соочиле со овој проблем. На нивното лице се појавуваат дамки, најмногу на челото, носот и околу очите. Бојата на дамките зависи од бојата на кожата – светлата кожа потемнува, а темната осветлува.

8. Отпечатоците на бебињата се формираат помеѓу 10-тата и 19-тата недела. Откако ќе се формираат, остануваат непроменети до крајот на животот.

9. Нероденото бебе може да ја вкуси и помириса храната што ја консумира мајката. Ова може да влијае на вкусот за храна на детето подоцна во животот.

Погледнете и кои се позитивните страни на бременоста.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар