Листа на книги за на плажа

Листа на книги за на плажа

Гостински пост: Ивана Николовска
(Сакам книги)

Во брзото време во кое живееме, понекогаш едноставно не можеме да најдеме слободно време за да ги правиме нештата во кои искрено уживаме, како на пример, читањето книги. Да, вистина е дека големите љубители на книги читаат постојано, без разлика на денот или на годишното време, но постојат голем број луѓе чие слободно време е толку лимитирано што едвај ги чекаат моментите кога ќе успеат да украдат неколку слободни часа за да уживаат во добра книга. Токму затоа летните одмори се особени убави. Слободното време во тие денови го имаме на претек така што можеме себеси да си го пружиме задоволството од убава книга, без да имаме грижа на совест дека сме ги запоставиле обврските. Сепак, десет или петнаесет дена не се вечност, па затоа треба добро да го искористиме времето и да не погрешиме во нашиот избор на книги за на плажа.Листа на книги за на плажаСо цел да ви помогнеме подобро да го направите вашиот избор на книги за летово, ние подготвивме листа на 10 најдобри книги за на плажа од кои вие можете да одберете и да се препуштите на уживање. Првиот дел од листата е соодветен за љубителите на трилерите и малку потешките книги, вториот дел се однесува на оние кои сакаат добра драма, додека крајот на листата им е наменет на девојките и жените кои преферираат романтични комедии и чик литература. Значи, за сечиј вкус по нешто! Сите книги на листата се нови, издадени во последните неколку месеци што значи дека секоја од нив може да се најде во продажба сега.

1. Игрите на гладните од Сузан Колинс Доколку сте љубител на добрите трилери, но веќе сте заситени од препознатливите приказни кои се нудат во последно време – ви ја препорачуваме оваа книга која дефинитивно ќе ги помести вашите критериуми за добар трилер. Оваа книга треба да биде првото нешто што ќе го ставите во вашата патна торба.

2. Девојката што го урна осилото од Стил ЛарсонСите оние кои се заразија со фантастичната трилогија „Милениум“, не смеат ни да помислат да заминат на одмор без маестралниот завршеток на истата. Вистинско напнато уживање!

3. Ако го дочекам утрото од Сидни ШелдонСамото име на авторот е синоним за класиката кај трилерите. Доколку сакате да се навратите на она што беа трилерите пред неколку години, тогаш ви ја препорачуваме оваа книга. Трејси Витни е најинтригантниот лик на Сидни Шелдон досега…

4. Рингишпил од Јелена Бачиќ АлимпиќПриказна за љубовта која успева да ги надрасне животот и судбината. Доколку сакате вашиот одмор да го поминете во романтично расположение, побарајте ја оваа книга!

5. Полиња со диви нарциси од Винка СаздоваНеобична приказна за љубовта и неверството. Лесни страници полни со емоции кои дополнително ќе го разубават вашиот одмор.

6. Последната песна од Николас СпарксЕдно од најомилените авторски имиња во светот ви ја пружа шансата ова лето да уживате на плажа со една од неговите понови книги. Зграпчете ја! Ако имате среќа да дува силен ветер на плажа тогаш можеби никој нема да ги забележи солзите во вашите очи кои оваа книга ќе ги предизвика.

7. Го сакам Париз од Линдзи КелкТретиот дел од урнебесната „Го сакам…“ трилогија е нешто што треба да дојде како стандардна опрема во вашата торба за на плажа. Позитивно, модерно, интересно, заразно… Цреша на шлагот на синото море, звукот на бранови и ладниот пијалак во вашата друга рака.

8. Купохоличарката и бебето од Софи КинселаЗарем мислите дека би ви препорачала нешто што и самата не би го понела на одмор? Последното продолжение од серијата „Купохоличарка“ е вистински летен погодок.

9. Ѓаволот носи прада од Лорин ВајсбергерНешто постаро, но не помалку интересно. Иако се сомневаме дека остана некој кој не ја прочита, еве ја како предлог бидејќи е типична книга за на плажа.

10. Венчален кум од Мет ДанЧик литература слатка дури и за посилниот пол. Доколку ги сакате романтичните комедии, ова е книга која ќе ја проголтате во еден лет ден. Да, таа може да се најде и во машкиот багаж за одење на одмор.

Па, одберете го она кое мислите дека најмногу ќе ви се допадне и уживајте! Или уште подобро, спакувајте ги сите 10 книги со вас и обезбедете забава за цел одмор.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. olga Reply

    mnogu dobar izbor na knigi

  2. marija ognenovska Reply

    se slozuvam. bravo za izborot. ne sum ja citala samo ringispil i ovaa od seldon ama ne se somnevam deka se dobri

  3. pero Reply

    nekoi knigi koi se razlicni od ovie? zatoa sto listata e popolneta samo so eden tip na knigi

    • Jas be jas Reply

      И јас си го помислив истото Перо… Романси бутнале, шик… И онаа на Ларсон трилер демек. 😛 Еееее… Камо нешто СФ? Акција? Филозофски нешто? Книги за на плажа искача = женски книги, книги за девојки или шундерај. Башка и авторкиве што ги избрале повеќево жени. Ај поздрав.

  4. slavka Reply

    falaa. odbrav koi 4 ke si gi zemam. pero pa imas ko sto vidov trileri, drami i cik:) ne e eden tip:)

  5. Sanja Reply

    Pero ne si vo pravo , predlozenite knigi se odlicni !!!

    • Трики Reply

      …рече девојката 😀
      А јас да ви го препорачам Набоков?

  6. Elena Reply

    Sheldon e fenomenalen, a Ako docekam sutra e neverojatna….Ja preporacuvam kako broj 1.

  7. Злата Reply

    Рингишпил е прекрасна, ме воодушеви 🙂

  8. borce Reply

    dali imate knigi od informatika jazici,hemija biologija,menagmnet?

Напиши одговор на Трики Откажи одговор