Ледена торта: Рецепт за оние кои обожаваат кафе и чоколадо

Ако додадете кафе во чоколадна ледена торта ќе добиете одличен вкус кој ќе го обожаваат дури и оние кои не го сакаат кафето.

Ледена торта: Рецепт за оние кои обожаваат кафе и чоколадо

Потребни состојки:

  • 80 милилитри топло инстант кафе
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 350 г чоколадни струготини или сечкано чоколадо
  • 300 г хопла
  • 1 лажица шеќер
  • 1/8 лажичка сол
  • 2 лажици ликер од кафе (по избор)
  • купена кора
  • шлаг и чоколадни струготини за украсување

Начин на подготовка:

  1. Во една чаша комбинирајте ги кафето, какаото и екстрактот од ванила и ставете ги настрана.
  2. Стопете го чоколадото во тава на средна топлина или во микробранова печка за 30 секунди. Оставете да се олади.
  3. Миксирајте ја хоплата, шеќерот и солта додека не добиете мека смеса.
  4. Во стопеното чоколадо додадете ја смесата со кафе и ликер од кафе (по избор), а потоа и смесата со хоплата. Мешајте додека не се комбинираат.
  5. Ставете ја смесата врз купената кора, а потоа користете шпатула или нож за рамномерно распределување. Оставете 1 час во фрижидер, а потоа украсете со шлаг и чоколадни струготини.

Пробајте го и овој рецепт за вкусен пудинг со семе од чиа и банана.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар