Кујнски трик: Како да го омекнете месото со состојки кои веќе ги имате дома?

За време на карантинот, несомнено е дека креативноста во кујната се зголеми, а на социјалните мрежи се шират кулинарски трикови кои заштедуваат пари, но и состојки.

Кујнски трик: Како да го омекнете месото со состојки кои веќе ги имате дома?

Водата што останува во теглата од кисели краставички станува сè поголем хит, како за лекување на мамурлак, така и за брзо маринирање на зеленчук или замена за оцет кога не можеме да отидеме до продавница. Таа вода е комбинација на оцет, вода, сол и зачини идеални за омекнување на месото. Само прелијте го месото и оставете го најмалку половина час, а може да го оставите и преку ноќ, без разлика дали е пилешко или свинско. Пред да печете во тава или на скара, избришете го месото од вишокот вода со хартиени кујнски крпи. Слободно складирајте го вишокот вода од теглата во фрижидер.

Прочитајте и за овие 8 намирници што ги менуваат состојките во различни услови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар