Колку здравствените грешки од минатото ќе ве прогонуваат во иднина?

Колку здравствените грешки од минатото ќе ве прогонуваат во иднина?

Кога сме млади мислиме дека можеме да поднесеме сè, вклучувајќи и по цела кутија цигари во текот на денот, често консумирање алкохол, предолго сончање или држење диети со јо-јо ефект. Вистината е дека сето ова еден ден ќе го земе својот данок, наштетувајќи на вашето здравје. За среќа, не е сè изгубено и сè уште имате време да ги намалите несаканите ефекти на вашите лоши навики, следејќи ги следните совети:

1. Пушење цигари

Колку здравствените грешки од минатото ќе ве прогонуваат во иднина?

Колку порано ги прекинете цигарите, толку повеќе време ќе имаат белите дробови за обновување. Според некои истражувања, оние кои ќе прекинат со пушење пред да наполнат 40 години имаат доволно време за исцелување на телото и намалување на здравствените ризици како последица на никотинот.

Совет: Хемикалиите со кои е третиран тутунот при производство на цигарите може да предизвика нарушувања на кардиоваскуларниот систем. Покрај откажувањето од цигари, вклучете и физичка активност, за да ги зачувате крвните садови и срцето во здрава и функционална состојба.

2. Држење диети со јо-јо ефект

Колку здравствените грешки од минатото ќе ве прогонуваат во иднина?

Кога сме млади, многу е лесно да симнеме по некој килограм со држење строга диета, но и потоа да вратиме двојно повеќе, за по некое време пак да почнеме со циклусот одново. Ваквото однесување сериозно го загрозува здравјето на вашето срце и може да предизвика застој на неговата работа. Решението во овој случај е држење до еден режим на исхрана со кој нема да имате нагли варијации во телесната тежина.

Совет: Наместо вакви диети, пронајдете го режимот на исхрана кој ви одговара, но и кој вклучува здрави комбинации на хранливите состојки, за да можете да одржувате долгорочен резултат во слабеењето.

3. Претерано изложување на УВ зрачења

Колку здравствените грешки од минатото ќе ве прогонуваат во иднина?

За кожата се вели дека е најважниот орган во нашето тело, но луѓето често не знаат доволно да ја ценат, па ја изложуваат на штетните УВ зрачења од сонцето и солариумите, без да размислуваат за последиците.

Совет: Секогаш кога ќе забележите промена на кожата, посетете лекар и дерматолог. Кога е откриен во рана фаза, ракот на кожа може успешно да биде излечен. Користете креми и лосиони со заштитен фактор дури и кога не сте на плажа.

4. Пречесто одење на концерти

Колку здравствените грешки од минатото ќе ве прогонуваат во иднина?

Доколку поминувате многу време на места со прегласна музика или на концерти, можно е во иднина да се соочите со оштетување на слухот. Обрнете внимание ако слушате одѕвонување во ушите, познато како тинитус.

Совет: Оштетувањето на слухот е неповратен процес и ако се случи, можеме само да спречиме да стане поголемо. Потребно е да се користат придушувачи на звук, дури и кога патувате или кога е вклучена правосмукалка. Исто така, избегнувајте да слушате прегласна музика преку слушалки и намалете го тонот на телевизорот, пред да биде предоцна.

5. Континуирано пиење алкохол

Колку здравствените грешки од минатото ќе ве прогонуваат во иднина?

До одредена возраст сметате дека сте издржливи и дека можете да испиете голема количина алкохол, да се отрезните и следниот ден да продолжите со истото темпо. Освен тешкиот мамурлак кој следи утрото потоа, ваквото однесување може да го оштети и срцевиот мускул.

Совет: Заборавете на вашите студентски денови, веќе ја немате ни младоста, ни издржливоста, а мамурлакот наместо неколку часа, може да потрае и цели три дена. Не е баш пријатно, се согласувате?

6. Тетоважа која денес ја мразите

Колку здравствените грешки од минатото ќе ве прогонуваат во иднина?

На 18 години ви изгледаше како одлична идеја да се истетовирате, но денеска не можете да сфатите каде ви бил паметот кога сте го бирале дизајнот и тату-студиото. Да, постои отстранување со ласер, но тоа може да биде долг и болен процес, кој ќе ве чини голема сума пари.

Совет: Ако уште не сте дошле до момент да ставите тетоважа на телото, пред воопшто да го направите тоа, размислете дали би ви се допаѓала и во иднина. Имајте на ум дека ласерското бришење освен што е болно, може да остави дамки на кожата или да предизвика дисколорации на местото каде што се наоѓала тетоважата. Исто така, колку повеќе бои се употребени за изработката, толку повеќе третмани ќе бидат потребни за отстранување (жолтата и светло зелената се најтешки за отстранување, а црната и темно сивите нијанси се најлесни).

Потсетете се и кој алкохолен пијалак предизвикува најлош мамурлак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар