Храна за појадок што лекарите и нутриционистите не ја препорачуваат

Нутриционистите сметаат дека здравиот појадок би требало да содржи 400-700 калории и да има доволно хранливи материи. Сепак, дел од најпопуларната храна за појадок не е препорачана од лекарите. Погледнете што е здраво, а што не.

1. Палачинки

Храна за појадок што лекарите и нутриционистите не ја препорачуваат

Палачинките заситуваат, а ако на нив додадете џем или мед, нивото на инсулин во крвта станува многу високо. Овој појадок може да доведе до дебелина и има влијание на расположението.

Предлог: Пробајте нови рецепти, заменете го брашното со брашно од овес и консумирајте свежо овошје наместо џем. Но немојте да јадете премногу овошје и бобинки наутро бидејќи предизвикуваат гасови.

2. Мусли и житарици

Храна за појадок што лекарите и нутриционистите не ја препорачуваат

Оваа храна содржи многу шеќер, а не хранливи влакна и протеини. Истражувањата покажале дека појадокот кој има многу јаглехидрати ве прави погладни за време на ручек. Луѓето кои се поподложни на дијабетес и малите деца би требало да ја избегнуваат оваа храна.

Предлог: Јадете мусли без шеќер. Додајте јаткасти плодови и ленено семе за протеини.

3. Бел леб

Храна за појадок што лекарите и нутриционистите не ја препорачуваат

Белиот леб не е добар за вас, а ако го јадете како двопек, уште полошо. Колку поизгорен е, толку повеќе канцерогени материи содржи.

Предлог: Заменето го белиот леб со интегрален. Ако навистина сакате двопек, не го препекувајте премногу.

4. Чоколадни кремови

Храна за појадок што лекарите и нутриционистите не ја препорачуваат

Научниците пресметале дека 2 лажици Нутела содржат 83% од дневната препорачана доза шеќер за жени. Оваа доза ќе ви го подобри расположението наутро, но енергијата брзо ќе исчезне. Покрај тоа, овие кремови содржат палмино масло кое е лошо за здравјето.

Предлог: Заменете ги чоколадните намази со путер од кикирики кој нема шеќер, но има доволно протеини и здрави масти.

5. Бел ориз

Храна за појадок што лекарите и нутриционистите не ја препорачуваат

Белиот ориз има многу јаглехидрати. Некои истражувања покажале дека може да предизвика дигестивни проблеми бидејќи содржи премногу скроб, а нема хранливи влакна.

Предлог: Јадете кафеав ориз наместо бел. Побрзо се вари и го снабдува телото со енергија.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар