Која е причината што продолжувате да се држите за вашата болка?

Без разлика каде сте родени, кои ви се родители и во каква личност ќе се претворите, болката е емоција што ќе ја почувствувате неколку пати во животот. Оптимистите можеби сметаат дека универзалната емоција е среќа, но кога ќе се земе предвид нефер положбата во која се раѓаат многу луѓе, болката може да започне уште при раѓање. За жал, за некои луѓе болката е сè што знаат.

Која е причината што продолжувате се држите за вашата болка?

За останатите, болката ќе се појави во некој момент од животот и ќе ја попречи вашата среќа. Не можете да направите ништо во врска со ова освен да ја прифатите судбината. Веќе знаете дека имате контрола над вашата реакција во врска со болката. Имате контрола над секој чекор што ќе го направите додека закрепнувате, дури и кога не ви изгледа така.

Некои луѓе само ќе размислат за разочарувањата и болката, ќе ги остават зад нив и ќе продолжат понатаму станувајќи посилни. За друго ова не е толку лесно. Сакаат да преболат, но едноставно не можат. За нив болката станува константна наместо само лош период. Ако се пронајдовте, можеби некоја од следниве причини е виновна што сè уште се држите за болката.

Позната ви е

Болката ви е позната, а постои некоја удобност во познатото. Досега веројатно сте експерти за вашата состојба. Знаете кога болката е најинтензивна, кога се појавува и како да го преживеете периодот. Среќата и закрепнувањето ви се туѓи концепти кои ви звучат премногу добро да бидат вистина. А кога болката ќе биде најсилна, сигурно нема да посегнете по нешто што ви е непознато. Самосожалувањето, апатијата и цинизмот ви се најдобрите пријатели.

Болката ве дефинирала и сега се чувствувате изгубени без неа

Не треба да бидете дефинирани од вашите искуства, особено не од оние кои имале негативно влијание врз вас. Но многу е лесно да станете жртва, а уште полесно е да останете жртва. Длабоко во себе можеби ви се допаѓа емоционалниот одговор што го добивате од луѓето кога ги споделувате вашите лоши искуства. Нивната загриженост можеби прави да се чувствувате важно. Како да вреди што чувствувате болка. Ако тоа е единствениот момент кога добивате емпатија од другите, ќе се прашувате за вашата вредност без неа.

Сметате дека не заслужувате подобро

Сте ја одолговлекувале изложеноста на болка и тоа имало влијание врз вас. Кога ги чувствувате најлошите ефекти од неа веројатно се обидувате да сфатите зошто нештата никогаш не одат по ваш план. Со текот на времето ќе почнете да се сомневате дали воопшто среќата е нешто за вас. Можеби пак сметате дека вие сте личност која треба да страда. Сепак, без сиромашните нема да постојат богатите и среќата без тага е неутрална.

Без разлика која е причината што продолжувате да страдате, важно е да знаете дека страдањето не мора да продолжи. Запомнете дека вие имате моќ над вашиот живот. Можеби мислите дека сте роб на вашата болка, но чувствата не се реалност и не се факт, па тие не се изговор да останете во темницата.

Воопшто нема да биде лесно додека се обидувате да излезете од состојбата што ви е позната толку долго. Но должни сте кон себе да се обидете. Доколку се обидувате, еден ден вашата болка ќе биде само дамнешно сеќавање, а вашата среќа ќе биде она за коешто ќе се држите.

Погледнете како да ја сопрете емоционалната болка и да почнете да се лекувате.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар