Водич за новите мајки: Како да се ставите на прво место?

Водич за новите мајки: Како да се ставите на прво место?

Сигурно не ни помислувате да се ставите пред вашето дете, бидејќи сметате дека мајките треба да бидат целосно несебични. Мајките се многу нешта – грижливи, жестоки, полни со љубов, но не треба да бидат несебични, особено ако се нови.

Водич за новите мајки: Како да се ставите на прво место?

Не нè сфаќајте погрешно, не велиме дека не треба да се грижите за вашето најмало, туку дека треба да се грижите и за себе. Најдоброто што новите мајки можат да го направат за себе е да најдат рамнотежа помеѓу грижата за децата и грижата за себе.

Зошто треба да се ставите на прво место?

Најпрво, бидејќи си го должите тоа. Сè уште сте личноста која сте биле пред да станете мајка. Родителството е само како додавање на уште еден слој на вашата личност. Второ, бидејќи му го должите тоа на вашето дете. Без разлика колку сте му потребни на детето, ако не се грижите за себе, поставувате лош пример. Каква личност би сакале да му биде идол на вашето дете?

Друга причина е вашето физичко здравје. Повеќе не можете да останете будни цела вечер и да не се храните здраво без сериозни последици. Само еден пример за ова е важноста на сонот. Ако вашиот сон не ви е важен колку и оној на детето, буквално ќе се разболите.

Како да се ставите на прво место?

Па како вашето здравје да го направите приоритет? Пред сè, важно е навистина да сакате да го направите тоа. Следниве совети ќе ви помогнат да водите подобра грижа за себе.

  • Правете планови. Ако забележите на вашиот календар дека треба да одите во теретана, на прошетка или само да се повозите некаде сами, поголема е веројатноста да го направите тоа. Немојте само да кажете дека ќе направите нешто, запишете го.
  • Излезете. Правете го ова секој ден, без разлика какво е времето. На здравото тело му се потребни свеж воздух и сонце. Ако е есен или зима, излегувајте надвор секогаш кога ќе забележите сонце. На овој начин ќе го подобрите вашето расположение во студените месеци.
  • Јадете прво вие. Не е лесно да ги задоволите итните потреби на новороденчињата. Кога вашето дете плаче бидејќи е гладно, навистина е тешко да мислите на себе. Но поради ова многу мајки дојат и ги хранат нивните деца додека се гладни или жедни. Наместо да го правите ова, смислете стратегија. Направете сендвич и подгответе го оброкот на детето додека тоа спие. Тогаш ќе можете да јадете додека го храните.
  • Спиењето нека ви биде приоритет. Навистина нема ништо поважно од вашиот одмор. Овде спаѓа облеката за перење, садовите за миење, одговарањето на нечиј повик и сè останато. Само легнете и затворете ги очите. Заслужувате.

Погледнете и кои се работите за кои новите мајки не треба да се грижат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар