8 начини да ја сопрете емоционалната болка и да почнете да се лекувате

Човечкиот мозок е неверојатен орган со огромна потенцијална моќ. Многу луѓе ја користат таа моќ секојдневно без воопшто да бидат свесни за тоа. Проблемот е што кога ќе ја дадете таа моќ на некој неискусен, резултатот најчесто не е добар.

8 начини да ја сопрете емоционална болка и да почнете да се лекувате

Болката е важен дел од животот и сè додека сме во нашите човечки тела не можеме да ја избегнуваме. Најдоброто нешто што можеме да го направиме е да ја искористиме како наш сојузник. Емоционалната болка е како вашиот пријател што седи до вас додека вие возите. Секогаш кога ќе забележи дека правите нешто погрешно, ќе ве удри. Иако подоцна можеби ќе му бидете благодарни, самиот удар може да биде навистина болен. Ако самите си ја предизвикувате оваа емоционална болка, има неколку работи кои ќе ви помогнат да престанете.

1. Направете нешто многу поразлично од вашата рутина

Одете на патување (макар и на еден ден), ако сте на диета купете си сладолед, пробајте параглајдерство, посетете нудистичка плажа. Направете што било што би ве шокирало. Не им верувајте на луѓето кои ви велат „само останете зафатени“. Тоа не е доволно. Зафатеноста со вашата нормална рутина е намалување на симптомите на емоционалната болка, а не справување со самиот проблем. Емоционалната болка ќе се врати веднаш штом ќе забавите. Но, правењето нешто сосемa неочекувано ќе го отвори вашиот ум кон нови можности, а вам ви е потребно токму тоа. Па што чекате, направете нешто ново уште сега!

2. Одете на состанок со себе

Сакајте се и разгалувајте се. Одете на претстава или на прошетка. Направете нешто што ќе ви каже „Те сакам“. И внимавајте, ако причината за вашата емоционална болка е некоја друга личност, не правете работи што би ги правеле со неа.

3. Исчистете го домот

Ослободете се од сите предмети што ве потсетуваат на причината за емоционалната болка. Ако не го гледате, ќе го заборавите. Нема одново да ја чувствувате болката од тој одреден предмет.

4. Јадете, спијте, вежбајте

Движењето предизвикува емоции, па зголемете ја вашата физичка активност. Спијте барем 8 часа секоја вечер и хранете се здраво. На крај, вашето тело е слуга на вашиот ум. Хранете го и дозволете му да си ја заврши работата.

5. Простете

Простувањето е ослободување од сите судења. Судењето потекнува од стари приказни кои повеќе не се важни за вашиот развој. Простете им на другите, а најмногу себеси. Запомнете, сè што се случило требало да се случи. Има лекција во секое искуство.

6. Покажете благодарност

Вклучете ја оваа техника во сè бидејќи работи за сè, особено за емоционална болка. Секое утро запишувајте 5 работи за коишто сте благодарни и читајте ги пред да си легнете. Овој потсетник за благодарност ќе ви помогне да се излечите.

7. Давајте

За да престанете со самосожалување најдоброто нешто што можете да го направите е да им давате на другите. Најдете некој што е во полоша ситуација од вас и понудете му помош. Ако нема таква личност во вашиот круг на пријатели, купете букет цвеќе и давајте му по 1 цвет на секој странец со кој ќе се сретнете. Навистина ќе се случи магија.

8. Дневник

Водете дневник за вашите мисли. Запишете ги вашите чувства на хартија за да можете да ги видите. Потоа запрашајте се што мислите за нив. Штом ќе сфатите дека тоа се само мисли, ќе можете полесно да ги контролирате и да создавате мисли кои ќе направат да се чувствувате онака како што сакате.

Најважно од сè, имајте на ум дека никогаш не сте сами. Секогаш можете да побарате помош од пријател, член на семејството или од професионалец. Време е да ја надминете емоционалната болка и да почнете да го живеете прекрасниот живот што го сакате и заслужувате!

Погледнете и неколку начини на кои емотивната болка се претвора во физичка.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар