5 придобивки од мајчинството

5 придобивки од мајчинството

Сите мајки знаат дека мајчинството си има свои добри и лоши страни. Но, да се фокусираме на позитивните! Неодамнешните истражувања откриле неколку придобивки од мајчинството кои се навистина корисни и неверојатни. Нареден пат кога ќе морате да се справите со врескањето на вашето најмило во супермаркет, само сетете се на следниве неколку интересни факти…

5 придобивки од мајчинството

1. Мајките се попродуктивни на работа

Едно интересно истражување открило дека мајките не само што се попродуктивни од жените кои немаат деца, туку и дека оние кои имаат барем 2 деца се најпродуктивни на работното место. За да ја измерат продуктивноста, научниците го анализирале бројот на истражувања објавени од страна на 10.000 академски економисти во текот на нивната 30-годишна кариера. Најголемиот дел од нив биле токму жените кои имале 2 или повеќе деца! Иако истражувањето се фокусирало само на една професија, сепак тоа е доволен факт дека мајките со кариера се непобедливи!

2. Мајките имаат подобра меморија

Бремените жени имаат голем проблем со меморијата, но по породувањето, меморијата на мајките значително се подобрува, според истражувачите од Универзитетот во Мајами. Во низа од експерименти, научниците им дале на новите мајки тест за визуелно-просторна меморија (способност да се препознаат и запомнат информации поврзани со опкружувањето). Резултатите покажале дека оние кои имале деца подобро поминале на тестот за разлика од жените кои немале деца. Авторот на истражувањето претпоставува дека на мајките им треба визуелно-просторната меморија за да можат брзо да ја разгледаат околината и да се осигурат дека нема никакви опасности.

3. Мајките се изложени на понизок ризик од одредени типови рак

Едно истражување спроведено на Универзитетот Оксфорд открило дека ризикот од рак на јајчниците кај жените се намалува со секое дете што ќе го родат. Научниците претпоставуваат дека причината лежи во тоа што бременоста ја спречува овулацијата цели 9 месеци (веруваат дека овулацијата го зголемува ризикот од овој тип рак). Некои истражувања исто така откриле врска помеѓу бременоста и доењето и намалениот ризик од рак на дојка, иако не се сигурни зошто тоа се случува.

4. Мајките се изложени на понизок ризик од дијабетес

Според резултатите од едно 30-годишно истражување, мајките кои дојат 6 месеци или повеќе си ги намалуваат шансите од појава на дијабетес тип 2 за 47%. Дури и оние кои дојат пократко време го намалуваат ризикот од дијабетес за 23%. Истражувачите веруваат дека ова се случува поради тоа што хормоните вклучени во лактацијата влијаат на инсулинот и нивото на шеќер во крвта.

5. Родителите живеат подолго

Истражувачите од Шведска следеле околу 1,5 милиони мажи и жени родени помеѓу 1911 и 1925 година и откриле дека родителството може да го зголеми животниот век на луѓето во подоцнежната доба од нивниот живот. Научниците дознале дека мајките на 60-годишна возраст може да живеат 1 и пол година подолго од оние кои немаат деца. Истражувачите претпоставуваат дека тоа е така затоа што децата многу често им помагаат и се грижат за нивните родители кога ќе остарат.

Сега откако дознавте кои се придобивките од мајчинството, прочитајте ги следниве 10 причини зошто треба да одите со семејството во природа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар