Зошто самотијата е добра за вашето здравје?

Зошто самотијата е добра за вашето здравје?

Многу луѓе сметаат дека самотијата и осаменоста се едно исто. Осаменоста е болно чувство кое се појавува кај луѓето кои се сами, но не знаат да уживаат во своето друштво. Самотијата од друга страна е само состојба која не е ни лоша, ни добра. Кога сте сами можете да го користите тоа време да уживате и да се релаксирате, или можете да им дозволите на анксиозноста и неудобноста да ве надвладеат.

Зошто самотијата е добра за вашето здравје?

Многу луѓе се плашат од помислата да бидат сами со своите мисли без многубројните работи што им го одвлекуваат вниманието. Тие повеќе сакаат да седат со некого, да бидат на социјалните мрежи или да прават нешто, односно сакаат да бидат зафатени наместо сами со себе. Од друга страна постојат луѓе кои уживаат во самотијата. Иако е различно кај секого, на сите нас ни е потребно време со себе. Дури и најголемите екстроверти треба да пронајдат време посветено на нивните мисли, нивниот ден или нивниот живот. Без разлика колку ви е страв да бидете сами, науката докажала дека самотијата му годи на вашиот ум и на вашата душа. Погледнете зошто самотијата е добра за вас.

1. Ви дава време да се „наполните“

Светот околу нас создава многу стрес и анксиозност, и тоа секојдневно. Ако не си дадете време да се одморите од сето тоа ќе полудите. Нашите мозоци треба да преработат толку многу информации во текот на денот, а сите социјални интеракции може навистина да ве истрошат, особено ако сте интроверт.

„Ако постојано сте вклучени, не му давате шанса на мозокот да се одмори. Самотијата без работи што ќе ви го одвлекуваат вниманието ви дава шанса да го исчистите умот, да се фокусирате и да размислувате појасно. Ова е можност да ги обновите и умот и телото“, изјавил психологот Шери Картер.

Сепак, важно е и што ќе правите во периодот кога сте сами. Гледањето телевизија или користењето телефон не му дозволува на умот да се одмори како некоја креативна активност. Обидете се целосно да ги отстраните работите што ви го одвлекуваат вниманието за навистина да се релаксирате, наместо да барате начин да бидете зафатени. На пример, пишувањето, цртањето, боењето или јогата ќе ви помогнат во тоа, додека технологијата ќе ви предизвика уште повеќе стрес, осаменост и ќе го натрупа вашиот ум со непотребни информации.

2. Ќе создадете подобра врска со себе

Повеќето луѓе немаат време да ги разгледаат своите мисли поради постојаната вклученост во општество. Мора да им одговорите на толку многу луѓе во текот на денот, да завршите безброј обврски, па кога на крај ќе си дојдете дома немате време за себе. Токму поради ова е важно да направите место во распоредот само за себе. Во спротивно ризикувате да ја изгубите врската со вас, а ова може да предизвика проблеми со менталното здравје.

Кога ќе одвоите време за да се поврзете со вашето „вистинско јас“ полесно ќе ги откриете вашите емоции и корењата на проблемите. Исто така ќе научите да се сакате и да се грижите за себе. Ќе откриете што навистина ве прави среќни и ќе ја продлабочите врската со себе.

3. Самотијата ви дава шанса за рефлексија

Многу често го минуваме денот не размислувајќи за нас и само чекаме да стигнеме до крајот. Но, кога сте толку зафатени може да заборавите по што всушност трчате. Овде на сцена истапува самотијата. Таа ќе ви даде шанса да размислите за вашиот живот, за тоа каде се наоѓате сега и каде сакате да стигнете. Можеби ќе откриете дека сакате да промените нешто, или пак ќе сфатите дека сте совршено среќни со сегашната ситуација. Како и да е, потребна ви е самотијата за да се проверите и да разговарате со вас.

За жал, голем дел од светот страда од осаменост за која научниците сметаат дека потекнува од модерниот начин на живот. Технологијата на некој начин нè поврзува, но истовремено ги заменува интеракциите во живо кои ни се навистина потребни. Се чувствуваме оддалечено од другите и од себе, а истовремено се плашиме од поврзаност. Едно истражување покажало дека луѓето повеќе би сакале да примаат електрични шокови отколку да бидат оставени сами 5-15 минути. Ова покажува колку неудобно ни станало да бидеме сами со себе и докажува дека е време одново да се поврземе со себе.

Прочитајте и што се случува кога уживате во вашата самотија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар