Кај кои жени постојат поголеми шанси за појава на депресија?

Кај кои жени постојат поголеми шанси за појава на депресија?

Борбата за родова еднаквост е тешка битка што трае многу долго време. Некогаш се очекувало од жените да седат дома и да се грижат за децата, притоа немајќи можност да заработуваат, но денес гледаме моќни примери на модерни жени кои доминираат во деловниот свет, предводат влијателни компании и оставаат свој белег во бизнисот.

Кај кои жени постојат поголеми шанси за појава на депресија?

За жал, иако жените успеале да се изборат за своето место во бизнис светот, најновите истражувања ги откриваат проблемите со кои се сочуваат жените на моќни позиции. Истражувачката група се состоела од 2.800 учесници, меѓу кои 1.500 жени и 1.300 мажи. Од 1993 до 2004 година, истражувачите ги следеле кариерите на учесниците, нивните работни позиции и титули. Истовремено, тие набљудувале дали се јавуваат знаци на депресија кои ги споредувале со развојот на нивната кариера за да видат дали постои некаква врска помеѓу професионалниот успех и менталната состојба.

Било земено предвид и тоа што жените почесто страдаат од депресија за разлика од мажите. Меѓутоа, дури и кога тој податок бил вклучен во равенката, заклучокот бил јасен. Жените кои имаат некаков авторитет на работното место се склони кон депресија.

„Жените кои имаат авторитет на работа, односно имаат можност да вработуваат, отпуштаат и да влијаат на нечија плата, покажуваат значително повеќе симптоми на депресија во споредба со жените кои немаат таква моќ. За разлика од нив, мажите кои имаат авторитетна работна позиција покажуваат помалку симптоми на депресија во споредба со мажите кои ја немаат таа моќ. Неверојатно е тоа што жените кои имаат авторитет на работа ги поседуваат оние карактеристики што се показатели на позитивно ментално здравје. Овие жени имаат подобро образование, повисока плата, попрестижни кариери, повисоко работно задоволство и поголема автономија за разлика од жените кои немаат лидерска позиција. И покрај тоа, тие имаат полошо ментално здравје во споредба со жените кои имаат понизок работен статус“, објаснила авторката на истражувањето, Тетјана Пудровска.

Кај кои жени постојат поголеми шанси за појава на депресија?

Уште позагрижувачко е објаснувањето зошто ова се случува во нашето општество. Според Пудровска, кога мажите имаат влијателна работна позиција, тие се справуваат со помалку причинители на стрес, бидејќи нема потреба да се соочуваат со отпор или да ги надминуваат негативните стереотипи што влијаат на жените. Сликата за маж на моќна позиција е прифатена како нормална и очекувана. Со оглед на тоа, мажите се чувствуваат охрабрени да ги заземат тие позиции. Но, искуството на многу жени денес е далеку поинакво.

„Повеќегодишните истражувања од областа на општествените науки покажуваат дека жените кои имаат лидерски работни позиции се справуваат со голема тензија, негативни социјални интеракции, негативни стереотипи, предрасуди, социјална изолација, како и отпор од страна на подредените, колегите и надредените. Луѓето мислат дека на жените кои имаат авторитет на работа им недостасува наметливоста и самодовербата на силните лидери. Но, кога овие жени ќе покажат такви карактеристики, тие наидуваат на негативни осуди и критики дека не се доволно женствени. Тоа придонесува за појава на хроничен стрес“, изјавила Пудровска.

Ова истражување обелоденува неколку многу важни проблеми во нашето општество поврзани со половата дискриминација, како и предрасудите што постојат моментално за женските лидери. Мора да се воочат овие проблеми за да може да се сменат статистичките податоци и да се намалат негативните предизвици со кои се соочуваат жените во деловниот свет.

Во продолжение прочитајте и зошто најсилните жени многу често страдаат од високо функционална депресија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар