Најсилните жени многу често страдаат од високо функционална депресија

Најсилните жени многу често страдаат од високо функционална депресија

Не е лесно да се биде силна жена во денешното општество, а уште потешко е ако имате проблем со високо функционална депресија. Менталните болести се честопати потценувани иако не би требало. Луѓето со високо функционална депресија преживуваат секој ден како роботи. Речиси воопшто не чувствуваат радост и им се чини дека нивното постоење нема смисла. Тие не чувствуваат апсолутно ништо, а сепак можат да функционираат. Силните жени кои се соочуваат со овој проблем постојано имаат насмевка на лицето иако не чувствуваат внатрешен мир.

Најсилните жени многу често се соочуваат со високо функционална депресија

Тие се обидуваат да останат силни поради нивното семејство и нивните блиски. Се чувствувате пријатно во нивно друштво и ви се чини дека нивниот живот е во совршен ред, но однатре, тие мораат да се борат многу повеќе одошто можете да си замислите. Постојано водат битка со самите себеси, обидувајќи се да продолжат да одат по патот што го одбрале и одбиваат да се препуштат на она што го чувствуваат и не го чувствуваат истовремено.

Остануваат будни до доцна навечер и плачат, бидејќи не знаат дали ќе имаат сила да станат од кревет наредниот ден, но успеваат да го сторат тоа, бидејќи мораат. Чувствуваат голема болка, целото нивно тело и коски ги болат. И покрај тоа, тие се смеат и ставаат маска на среќна и исполнета личност за да не ги загрижат нивните сакани. Тие се мачат, но никој не го знае тоа. Се преоптоваруваат многу повеќе одошто би требало.

Тие се смеат иако не се среќни, бидејќи би требало да си поминуваат убаво. Продолжуваат понатаму како да немаат никаков проблем, бидејќи знаат дека ќе се сменат работите на подобро. Силните жени се свесни дека имаат поддршка од нивните блиски и покрај тоа што тие не знаат низ што поминуваат. Нивните сакани се единствената причина зошто тие продолжуваат да се борат.

Понекогаш, само за момент се чувствуваат малку подобро и покрај нивната состојба. Се обидуваат да ги исполнат потребите на сите луѓе околу нив, поради што понекогаш се ставаат себеси на последно место. Се обидуваат да бидат најдобрата верзија од себе и покрај нивната болка и страдање.

Силните жени можат да го подобрат светот и покрај тоа што се соочуваат со вакво тешко нарушување кое воопшто не е за потценување. Некои луѓе можеби ќе помислат дека овие жени не се толку силни бидејќи одбрале сами да поминуваат низ сето ова, но вистината е дека тие не се сами. Тие имаат сѐ што им треба. Некои херои не носат наметки.

Понекогаш се премногу строги кон себеси, понекогаш се многу нервозни, но знаат кои се нештата што им значат и каде се наоѓаат во животот. Знаат дека имаат проблем и дека единствениот начин да поминат низ тешкиот период е да влезат директно во пеколната дупка со насмевка на лицето и да чекаат да заврши. Токму тука се гледа нивната сила која е неизмерна и која ќе им помогне да излезат како победници од битката.

Прочитајте ги и следниве 7 знаци за депресија кои не треба да ги игнорирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар