7 знаци за депресија кои не треба да ги игнорирате

Еден од најдобрите начини за справување со менталните болести е зголемување на свеста за истите. Симптомите за клиничка депресија стануваат сѐ попознати и сѐ потешко се кријат и се игнорираат. Но, важно е да се знаат и знаците кои се појавуваат на почетокот на оваа болест, а кои лесно е да се скријат. Погледнете 7 симптоми кои може да укажуваат дека личноста има депресија.

7-znaci-na-depresija-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-kafepauza.mk

1. Болка

Депресијата и болката имаат некои заеднички хемикалии во мозокот, а ова значи дека депресијата може да ја смени чувствителноста на болка. Необјасниви главоболки, болки во стомакот и грбот и слично може да бидат знак за лошо ментално здравје. Болката е многу реална па голем број луѓе го посетуваат нивниот доктор а не добиваат дијагноза за депресија, кога всушност таа е вистинскиот проблем.

2. Спиење

Без разлика дали ви е потешко да заспиете, се чувствувате неуморно во текот на ноќта или пак не можете да станете наутро, секоја промена во вашата рутина на спиење може да биде знак на депресија. Спиењето им овозможува на луѓето да функционираат правилно, па вистинскиот проблем со депресивна личност е тоа што тие не се чувствуваат наспиено и одморено.

3. Либидо

Губење на желбата за секс може да биде знак за депресија, бидејќи оваа појава често е поврзувана со стрес и замор. Во депресијата хемискиот состав многу често не е како што треба. Мозокот е важен за сексуалноста поради хемијата, но исто така е важен и за идеи. Тој ви помага да ги чувствувате и дефинирате задоволствата.

4. Збунетост

Бавното размислување, заборавеноста и неспособноста за донесување одлуки се нормални одлики на човекот, но исто така можат да бидат и знак за депресија. Понекогаш депресивните луѓе не можат да седат повеќе од 30 минути гледајќи телевизија, читајќи или правејќи што било што бара концентрација.

5. Претерано мислење/грижење

Ова значи претерано грижење и мислење за целиот ваш живот, што може да предизвика ниска самодоверба и ниско мислење за себе. Размислувањето за себе е добро, но кога е претерано може да им го отежни разговорот на другите со вас.

6. Тежина и храна

Почетокот на депресијата може да биде придружен со зголемување или намалување на телесната тежина. Вашата рутина на јадење исто така може да се промени – прејадување или губење на секаков интерес за храна може да биде знак дека депресијата му влијае на вашиот центар за задоволство и апетит. Многу луѓе уживаат во добар оброк, но луѓето со депресија губат енергија и интерес дури и за јадење.

7. Повлекување од социјални случувања

Социјалните луѓе кои ќе почнат да се повлекуваат од активности кои вклучуваат други луѓе, многу е веројатно да страдаат од депресија. Изолацијата е многу чест симптом за депресија. Исто така треба да се внимава на „празниот“ израз на лицето. Депресијата може да предизвика намалена активност на мускулите на лицето, со ова намалувајќи го емоционалното изразување преку лицето.

Погледнете и како луѓето ја маскираат нивната депресија.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар