4 видови извинувања и сè што треба да знаете за нив

Постојат некои истражувања кои го потврдуваат мислењето дека жените се извинуваат почесто од мажите, но тоа не е доволен доказ. Сепак, ако познавате некој кој премногу се извинува, најверојатно станува збор за жена. За да дознаете дали и вие спаѓате во оваа група, треба да ви биде јасно дека извинувањата се малку покомплицирани од едно обично „Извини“. Постојат 4 видови извинувања кои се користат во разговор.

4 видови извинувања и сè што треба да знаете за нив

1. Рефлексно извинување

Замислете си дека велите: „Извини што излегов синоќа со пријателките.“ Го кажувате ова иако воопшто не ви е жал. Всушност, можеби сте си поминале одлично со пријателките. Она што навистина го мислите во оваа ситуација е: „Сигурно би бил посреќен ако бев дома и направев вечера.“

Понекогаш луѓето рефлексно се извинуваат откако ќе слушнат поплака, како примерот со излегувањето. Понекогаш извинувањето се случува и пред да се добие поплаката, со претпоставка дека вашето однесување предизвикува негативна реакција. Рефлексното извинување ја враќа рамнотежата во врската. Сметате дека некој е разочаран од вас и вие автоматски сакате да воспоставите рамнотежа. За жал, одржувањето на мирот и хармонијата во врската многу често е задача на жената. Сакате да ја имате оваа улога? Одлуката е ваша.

2. Наметливо извинување

Можеби ќе кажете: „Извини, не ми се готви вечерва“. Ова може да биде рефлексно извинување, но поголема е веројатноста дека изјавувате дека нема да правите нешто што не го сакате. Друг пример за наметливо извинување е: „Извини, не го побарав скапото масло, нема да платам за него.“

Како и со рефлексното извинување, така и со наметливото всушност не сакате да се извините. Имате некоја желба или барање кое сакате да го омекнете со извинувањето. Ова е уште еден обид да се воспостави рамнотежа во врската, дури и кога станува збор за странец. Се смета дека жените се подиректни, го бараат она што го сакаат и не дозволуваат желбата за мир да направи забуна во нивната порака. Дали подобро ве услужуваат со или без извинување?

3. Извинување за префрлање вина

На пример: „Извини ако се нервираш кога ти велам да го изнесеш ѓубрето.“ Можеби не е кажано, но она што навистина го мислите е: „Знаеш дека е твоја обврска.“

Ова извинување е всушност полошо отколку воопшто да не се извините. И во овој случај не сакате да се извините, но разликата е во тоа што целта не е воспоставување рамнотежа. Извинувањето за префрлање вина е пасивен обид да се направи токму тоа, да се префрли вината. Најдобро е да го избегнувате овој вид извинување.

4. Искрено извинување

Овде станува збор за извинување кога навистина ви е жал. Во овој случај важен е и тонот што го користите. На пример:

  • „Извини што ти ги повредив чувствата. Како да ти надоместам?“
  • „Извини што не го направив тоа што го ветив. Ќе се обидам повторно.“
  • „Извини што не можам да стигнам на вечера. Знам дека ти е важно. Кога ќе можеш да се видиме повторно?“

Овие, и други слични извинувања го рефлектираат фактот дека сфаќате дека соговорникот не е среќен со некоја ваша постапка, па сакате да надоместите. Искреното извинување не содржи зборови како „ако“ или „но“. Цвеќињата или подароците по лошото однесување можеби се добри гестови, но ако сте направиле голема грешка не очекувајте веднаш да ви простат. Всушност, воопшто не очекувајте прошка. Тоа зависи од другата личност. Ако се извинувате само за да ви простат, тогаш не сте ја сфатиле поентата. Вашето извинување не е за вас.

Кога треба и кога не треба да се извинувате?

Од една страна постои верувањето дека жените се извинуваат почесто бидејќи тоа се очекува од нив. Ова значи дека кога мажите не се извинуваат е во ред, но кога жените го прават тоа тие се агресивни. Друга причина за тоа зошто жените се извинуваат почесто е тоа што кај мажите постојат помал број работи кои се сметаат за „престап“. Сепак, потребно е и мажите и жените да се обидуваат да воспостават рамнотежа. Потребна е голема самодоверба за да ги спознаете вашите грешки и да понудите искрено извинување.

Жените е потребно да внимаваат и на претераното извинување. Ако постојано го правите тоа веќе ќе престанат да ги забележуваат вашите извинувања. Односно, кога навистина ќе сакате искрено да се извините, никој нема да го прифати. Исто така претераното извинување може да укажува на ниска самодоверба. Запрашајте се дали сакате светот да ве гледа на овој начин. Послушајте се себеси и откријте го вашиот стил на извинување. Ваша е одлуката дали се извинувате премногу, премалку или доволно.

Погледнете и кои се работите за кои никому не му должите извинување.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар