Киви – кој смее да го јаде ова овошје, а кој не?

Кивито е полно со хранливи материи и со витамини, а покрај слатката зелена внатрешност, се јадат и црните семки, но и кафеавата лушпа која многу луѓе ја лупат пред да го консумираат ова овошје.

Киви - кој смее да го јаде ова овошје, а кој не?

Кивито е овошје со потекло од Кина, кое најпрво се проширило во Нов Зеланд, пред да стигне во Европа и во Америка. Денес, Калифорнија произведува 98% од кивијата, а врвот на сезоната на бербата е во есен, заклучно со октомври.

Податоци за енергетската вредност

Прво и основно – еве што можете да очекувате од едно киви со средна големина кое има околу 150 грама, според базата на податоци за храна на Министерството за земјоделство на САД:

  • Калории: 42
  • Протеини: 0,8 грама
  • Јаглени хидрати: 10 грама
  • Масти: 0,4 грама
  • Шеќер: 6 грама
  • Влакна: 2,1 грама
  • Натриум: 2 грама

Киви - кој смее да го јаде ова овошје, а кој не?

Здравствени придобивки

Кивито е одличен извор на витамин Ц, кој докажано го зајакнува имунолошкиот систем, се бори против ефектите од стресот и против стареењето и помага во заздравување на раните. Во едно киви можете да најдете 53 мг витамин Ц, што е повеќе отколку што содржи еден портокал. Во една студија направена врз постара популација, резултатите покажале дека консумирањето киви може да помогне во намалување на времетраењето и на интензитетот на респираторните инфекции.

Кивито е исто така добар извор на калиум и го содржи повеќе отколку бананите. Калиумот е важен минерал за одржување на рамнотежата на течностите и на електролитите, а некои студии покажале дека луѓето кои имаат висок внес на калиум имаат помал крвен притисок. Некои од знаците дека имате недостаток на калиум се: грчеви во мускулите, замор и исцрпеност, висок притисок, вртоглавица, чувство на надуеност, жед и сува кожа, додека високиот внес на калиум е поврзан со намалениот ризик од мозочен удар, со одржувањето на густината на коскените минерали и со намалениот формирање камења во бубрезите.

Покрај тоа, кивито е добар извор на растителни влакна што може да помогне во одржување на здравјето на цревата и во намалување на холестеролот. Студиите покажале дека луѓето кои внимаваат и внесуваат храна богата со растителни влакна, имаат поздрава телесна тежина и намален ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања.

Покрај тоа што е веќе споменато, кивито содржи и голема количина фолати и цинк. Исто така, содржи фитонутриенти, како лутеин, кој е важен за здравјето на очите. Покрај тоа, содржи и витамин К.

Според едно истражување спроведено на Медицинскиот универзитет во Тајпеј, многубројни студии откриле дека кивито содржи многу лековити соединенија, меѓу кои антиоксидансите и серотонинот кои можат да бидат корисни во лекувањето на нарушувањата на сонот.

Киви - кој смее да го јаде ова овошје, а кој не?

Може ли да се јаде лушпата од киви?

Иако многу луѓе сакаат да јадат киви, сепак тие водат дебати околу тоа дали неговата кафеава лушпа се јаде или не. Лушпата од киви, како и внатрешноста, содржи висока концентрација на хранливи материи, особено растителни влакна и витамин Е. Покрај тоа, таа содржи и многу антиоксиданти. Всушност, многу повеќе има во самата лушпа отколку што има во внатрешноста на овошјето.

Луѓето честопати ја исфрлаат лушпата кога консумираат киви од едноставна причина – има непријатни вкус и текстура, но таа може да се јаде. Влакнестата површина на лушпата од киви може лесно да се отстрани со нежно триење од хартиена крпа над со лесно стружење со лажица.

Ако планирате да пробате лушпа од киви, изберете помало овошје. Помалите плодови имаат помека лушпа од поголемите. Исто така, ако имате можност, купете органски одгледувано киви.

Киви - кој смее да го јаде ова овошје, а кој не?

Потенцијален ризик при консумирање

Јадењето киви се смета за безбедно за повеќето луѓе. Главниот исклучок се оние кои се природно алергични на нив. Знаците на алергија на киви вклучуваат чешање во грлото, отечен јазик, тешкотии при голтање, повраќање и осип. Ризикот од алергија на киви е зголемен ако сте алергични и на лешници, на авокадо, на пченица, на смокви или на семе од афион.

Во ретки случаи, кивито може да го забави згрутчувањето на крвта, а со тоа да се зголеми крварењето. Имајќи го тоа предвид, ако имате нарушување на крварењето или се подготвувате за операција, избегнувајте да јадете киви. Дозата на киви зависи од фактори како што се возраста, здравствената состојба и од тоа што сакате да лекувате. Јадењето едно до три киви на ден е доволно за повеќето луѓе да внесат дополнителни хранливи материи во своето тело.

Киви - кој смее да го јаде ова овошје, а кој не?

Како да додадете киви во вашата исхрана?

Постојат многу начини да внесете киви во вашата исхрана и со тоа да го зголемите внесот на хранливи материи. Најдобро е и најздраво, се разбира, кога се јаде сирово. На собна температура можете да го чувате неколку дена, а во фрижидер до три недели. Подолу се дадени неколку совети како да додадете киви во вашата исхрана.

Излупете го кивито и изедете го. Можете само да го пресечете на половина, а потоа со лажица да го извадите од лушпата.

Смуди од киви. Ако сакате „екстра овошно засилување“ измешајте киви, ананас, манго и јагоди, а ако сакате „зелено засилување“ употребете киви, спанаќ, јаболко и круша.

Овошна салата. Кивито, заедно со други овошја, можете да го исечкате на коцки и да направите сочна овошна салата. Салатата можете да ја прелиете со мед и дополнително да ја засладите.

Мешана салата. Ставете спанаќ како основа, а потоа додадете ореви, сушени брусници, парчиња јаболка, фета сирење и додадете исечени кивија. Потоа прелијте со винегрет.

Киви - кој смее да го јаде ова овошје, а кој не?

Моќта на кивито не е само во неговата хранлива вредност. Тоа е и одличен козметички производ. Пробајте ја оваа домашна маска од киви која има моќ да го сопре опаѓањето на косата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Косара Груева Reply

    Најмногу од се` ми се бендисаа „кивија“, „смуди“ и „консумира“ наместо точните зборови. Добра вежба за преведувач почетник и приправник лектор.

    • Христина Видевска Reply

      Драга Косара,
      Според Правописниот речник на македонскиот јазик именката киви е во среден род, а множинската форма е кивија, додека пак, глаголот е консумира. Што се однесува до смуди, според англискиот изговор не би можело да се транскрибира во смути.

Остави коментар