Ја правите ли и вие истата грешка? На овие ткаенини никако не треба да им додавате омекнувач

Сите сакаме кога облеката мириса убаво, но додавањето омекнувач на овие ткаенини во никој случај не е добра идеја. Кога перете облека направена од овие материјали, прескокнете го додавањето омекнувач. Така ќе го намалите ризикот од оштетување на гардеробата.

Ја правите ли и вие истата грешка? На овие ткаенини никако не треба да им додавате омекнувач

Материјали од микрофибер

Благодарение на цврсто ткаените нишки, ткаенините од микрофибер се неверојатно издржливи и имаат одлични апсорбирачки својства. Третирањето со омекнувач ќе ја уништи нивната ефикасност и ќе го скрати рокот на траење на влакната.

Спортска облека

Овој вид гардероба е приспособен за зголемено потење. Спортската облека е дизајнирана за да ја апсорбира потта и за да ве лади за време на физичката активност. Омекнувачот остава слој што ги спречува овие својства.

Работна облека

Таа е изработена од специјални незапаливи ткаенини. Омекнувачот има негативен ефект врз нејзините отпорни својства.

Крпи

Омекнувачот ја нарушува главната функција на крпите – апсорпцијата. Исто како што е во случајот со спортската облека, омекнувачот остава тенок слој и на крпите и ги спречува целосно да апсорбираат вода.

Треба да знаеме како да ја третираме облеката. Погледнете го и овој едноставен трик за омекнување на џемперот што ве боцка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар