Како настанал 8-часовниот работен систем и како да се справите со него денес?

Како настанал 8-часовниот работен систем и како да се справите со него денес?

Доколку кликнавте на оваа статија, најверојатно и вие, како и најголемиот дел од денешното општество, сте дел од 8-часовниот работен систем. Еден од најконстантните елементи на нашиот живот денес е оптималното работно време. Генерално, скоро секој човек работи приближно 8 часа во денот, но и покрај ова сите ние сме свесни дека без разлика колку часа просечниот човек работи во денот, тоа скоро и да нема врска со тоа колку е ефикасен и продуктивен. Зошто?

Како настанал 8-часовниот работен систем и како да се справите со него денес?

Кон крајот на 18-тиот век, фабриките сакале да ја максимизираат својата продуктивност, а со тоа и производството, па поради тоа се стремеле да работат 24/7. За поголема ефективност, секако, и луѓето морале да работат повеќе. Поради тоа работеле 10-16 часа дневно. Иако тоа било премногу напорно ситуацијата продолжила сè додека Роберт Овен, производител на текстил и активист, не почнал кампања со слоган:

„Осум часа труд, осум часа рекреација, осум часа одмор.“

После долго промовирање на оваа кампања, Форд први го вовеле 8-часовниот систем и направиле промена на дотогашните стандарди. Тие не само што го скратиле работното време речиси на половина, туку и ја дуплирале платата на секој вработен. Светот бил шокиран, но за кратко време Форд изјавиле дека имале зголемена продуктивност, поголемо производство и повеќе профит во рок од 2 години.

После изјавата на Форд, до почетокот на 20-тиот век скоро сите компании го усвоиле овој систем.
 Но денес, во 21-ви век, во времето на социјални мрежи, економска криза и зголемен стрес, критериумите се поинакви од оние во минатите векови. Денес, 8-часовниот работен систем на луѓето им создава монотонија и анксиозност поради нивната (не)продуктивност. Доколку во минатото клучната работа била времето, денес, фокусот се става на енергијата.

„Менаџирај ја пред сè твојата енергија, а не времето“, вели познатиот автор Тони Шварц.

Како настанал 8-часовниот работен систем и како да се справите со него денес?

Денес, повеќе од кога било, фокусот може лесно да се изгуби, а ресурсите на енергија со кои располагаме често ги трошиме на погрешни места. Според Шварц, луѓето имаат 4 типа енергија со која располагаат секој ден:

  • Физичка енергија – Колку здраво се чувствувате?
  • Емоционална енергија – Колку сте среќни?
  • Ментална енергија – Колку добро можете да се фокусирате на нешто?
  • Духовна енергија – Зошто го правите ова? Која е вашата цел?

Она што денешните работодавци го забораваат е дека ние луѓето сме сосема различни од машините. Машините се движат линеарно, а луѓето циклично. Токму поради тоа, со цел успешен фокус на работата, треба добро да се разбереме себеси и да сме сигурни во нашата цел за она што го правиме, за да можеме правилно да ја насочиме нашата енергија.

Основната психологија на човечкиот мозок вели дека нашиот мозок може да се фокусира на една задача во рок од 120 минути. После тоа, концентрацијата се губи и потребни се 20-25 минути пауза и релаксирање со цел да се подготвиме за следната задача. За мозокот е многу полесно да се запраша каква работа може да заврши за 2 часа, отколку за 8. Доколку работните задачи ги поделиме на помали сесии, продуктивноста ќе се зголеми, а со тоа и нашето „лутање“, односно ќе можеме многу појасно да го одвоиме важното и приоритетното.

Како настанал 8-часовниот работен систем и како да се справите со него денес?

Многу направени истражувања и анкети покажале кои се најдобрите совети кои може да му се дадат на еден човек поврзани со неговото работно време. Издвојуваме четири:

  1. Сами зголемувајте ја важноста на задачата која ја извршувате, без разлика дали ви е даден рок. Зголемувајте ја постепено и дајте си стимулација со некоја награда за возврат. На пример: Ако го завршам овој дел во следните 60 минути ќе си направам кафе и ќе одморам на тераса.
  2. Поделете ги вашите обврски во 90-минутни рамки и ќе ги гледате нештата појасно.
  3. Испланирајте го заслужениот одмор, за да можете да завршите сè на време и навистина да се одморите. Доколку заборавите да се одморите и да направите пауза, продуктивноста сигурно ќе ви се намали, па ќе бидете и непродуктивни и уморни во исто време.
  4. Нула нотификации – Последниот совет може да ви помогне многу – исклучете ги сите нотификации кои ве одвлекуваат од обврските, а се наменети да ги проверувате во слободно време. Подобро напијте се кафе со колегите, наместо да ги отворате нотификациите од Фејсбук и Инстаграм.

Доколку ги примените овие совети, ќе бидете попродуктивни, поодговорни, а со тоа и посреќни. Пробајте!

Автор: Сара Коваческа


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар