Како да одберете совршено одело?

Како да одберете совршено одело?

Оделото на некој начин е инвестиција. Тоа, доколку е соодветно искомбинирано, има моќ да го трансформира вашиот стил и да ве натера да се запрашате како сте можеле да живеете толку долго без него. Но, како да го одберете совршеното одело? Погледнете ги наредниве неколку совети кои можат да ви помогнат во оваа цел…

Која е причината за купувањето одело?

Како да одберете совршено одело?

Пред да започнете со вашата потрага, мора да знаете точно за која причина го купувате вашето одело. Дали ќе го носите на работа или пак, потребно ви е за некоја посебна прилика? Дали сакате да одберете класично одело или пак, сакате да направите поспортска комбинација со фармерки? Дали можеби сакате да се покажете во одредено светло или едноставно сакате да направите промена?

Купувањето одело знае да биде навистина комплицирано доколку не знаете точно зошто ви е потребно. Токму затоа направете детален план за сите оние настани на кои би го носеле и што точно би сакале да постигнете со него и работите ќе станат многу брзо поедноставни.

Како да ја најдете соодветната големина?

Како да одберете совршено одело?

Најважниот елемент за кое било одело е големината. Следете ги наредниве 8 златни правила со цел да изберете соодветен модел за вашето тело.

1. Потпунките на рамењата никогаш не треба да ги преминуваат самите рамења.

2. Вашиот папок никогаш не треба да биде под горното копче од оделото со 2 копчиња, или под средното копче од оделото со 3 копчиња.

3. Кога ќе ги спуштите вашите раце покрај телото, зглобовите на прстите треба да бидат во иста линија со крајот на палтото, а прстите да имаат доволно простор да го опфатат долниот дел од палтото.

4. Ракавите на оделото мора да завршуваат онаму каде што палецот се спојува со вашиот зглоб на раката, но не грижете сè доколку останатиот дел не „лежи“ совршено на вашето тело. Тоа може да се поправи на кројач.

5. Оделото треба да биде струкирано. Јаката од кошулата мора да се допира со реверот од вашето одело доколку сакате линијата кај вратот од палтото да води кон вашата кошула.

6. Просторот помеѓу закопчаното палто и вашето тело треба да е доволен колку да ви ја собере дланката испружена, бидејќи ако има повеќе тоа е преголемо за вас.

7. Секогаш пробувајте го целиот комплет, бидејќи доколку пантолоните не ви стојат добро, големи се шансите дека и палтото не е со соодветен број.

8. Веднаш можете да препознаете дали оделото е добро така што ќе ги набљудувате рамењата. Кројачот може да промени многу нешта, но ако тоа не ви стои добро кај рамењата, тој нема да може ништо да направи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар