Модни совети за пролет/лето 2015 од Олгица Ѓоргиева

Модни совети за пролет/лето 2015 од Олгица Ѓоргиева

Во светот на модата месец октомври и ноември беа искористени за промоција на модните колекции за пролет/лето 2015. Македонската дизајнерка Олгица Ѓоргиева неодамна ја претстави и својата колекција за претстојната сезона, Complete Your Puzzle.

4-modni-soveti-za-prolet-leto-2015-od-olgica-gjorgieva-kafepauza.mk

Погледнете ги модните совети од Ѓоргиева за највпечатливите трендови за сезоната пролет/лето 2015.

Ова лето најактуелни парчиња ќе бидат:
  • Тексас, особено тексас широки панталони до глужд или до листот на ногата
  • Сино-бела комбинација во бои
  • Материјали – каро
  • Фустани кои наликуваат на кошули
  • Црно-бела комбинација – посебно се направени интересни силуети од овие две бои
  • Мантил врзан високо на половината
  • Голото рамо стана тренд преку ноќ, некаде претставено на блузи, некаде на фустани
  • Ниски сандали
  • Стил „поло маичка“
  • „Фенси“ престилка
  • Маслинесто-зелена боја
  • Жолтата боја е особено актуелна, само треба да ја пронајдете вашата вистинска нијанса која најмногу одговара на вашиот тен.

1-modni-soveti-za-prolet-leto-2015-od-olgica-gjorgieva-kafepauza.mk 2-modni-soveti-za-prolet-leto-2015-od-olgica-gjorgieva-kafepauza.mk

Предлози

Како освежување за Македонките во однос на стилот, би препорачала интересни стилизирани модели од тексас, може тоа да биде фустан, бомбер јакна, здолниште или пак панталони, кои се специфични во својот израз. Би препорачала бела боја, исто би можеле тоа да бидат некои бомбер јакнички кои се направени од различни структури на материјали кои би можеле да се искомбинираат со фустанче во А линија и ниски сребрени сандали. Во својата летна, вечерна облека може да се внесе лесен, прав, долг или краток мантил во кинески стил, кој ќе биде врзан на половината. Како и да е, акцентот за претстојната сезона претежно е ставен на чистите линии кои се збогатени со принтови или структура на материјалите.

3-modni-soveti-za-prolet-leto-2015-od-olgica-gjorgieva-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар