Сакате да бидете продуктивни? Поставете ги вашите приоритети на прво место!

Сакате да бидете продуктивни? Поставете ги вашите приоритети на прво место!

Сите ние, кој помалку кој повеќе, сме „научени“ да се жртвуваме за другите и да ги ставаме нашите потреби на второ место бидејќи на тој начин сметаме дека ќе станеме подобра личност. Сепак, таквото однесување може негативно да се одрази врз нашите животи на начин што нè спречува да ги оствариме нашите цели. Во реалноста, секогаш им се посветуваме повеќе на другите отколку на себеси и нашите желби. Во продолжение прочитајте зошто треба да ни биде приоритет грижата за себе.

Сакате да бидете продуктивни? Поставете ги вашите приоритети на прво место!

1. Кога себеси ќе се ставите на прво место ќе ви биде полесно да се фокусирате на целите

За да ги постигнете вашите цели потребна е многу енергија и труд што непрестајно ќе ги давате од себе. Потребна ви е јасна слика, енергија и ментална јасност што ќе ви помогнат да работите напорно секој ден. Многумина не успеваат да ги остварат своите цели токму поради тоа што ја трошат енергијата во грижата за другите.

2. Повеќе фокус = поголема продуктивност

Неорганизираноста влијае врз продуктивноста. Кога вашите мисли се раштркани во сите насоки, не можете да се фокусирате и да соберете доволно енергија што ќе ве крепи во целиот тој процес. Свесни сте дека при поставувањето цели ви треба план. Доколку вие се ставите на прво место, пак, ќе ви овозможи да направите план преку кој ќе се фокусирате на конкретните чекори и активности што треба да ги преземете за да ги постигнете вашите цели.

3. Ќе ви биде полесно да поставите одредени граници

Длабоко во себе знаете кога треба да кажете „не“, наместо „да“. Кога ќе се согласите со нешто што може да го попречи вашиот фокус, имате чувство како нешто да ве „јаде внатре“. Доколку се ставите себеси и сопствените цели на прво место, тоа ќе ви помогне и да поставите граници. Поставувањето граници е дел од здравиот начин на живот. Морате да бидете цврсти докрај за тоа што дозволувате, а што нема да толерирате во вашиот живот. На тој начин ќе престанете да им угодувате на другите и ќе почнете да ги задоволувате сопствените потреби.

4. Продуктивност = возбуда

Најверојатно една од причините поради која луѓето не ги постигнуваат своите цели е недостатокот на возбуда. Доколку она на кое работите не ви пружи никаква возбудливост, недостатокот на инспирација може да ја намали вашата продуктивност. Тоа значи дека ќе ви биде потребна многу енергија за да ги надминете неуспесите и да останете фокусирани.

5. Ќе се ослободите од очекувањата

Ние сме научени дека за да бидеме добри личности, треба да се грижиме за она низ кое поминуваат другите. Доколку си поставите приоритети ќе сфатите дека вие и само вие сте одговорни за вашиот живот, а тоа ја вклучува и вашата ментална состојба. Ова ќе ви помогне и да се ослободите од туѓите очекувања. Запомнете дека ова е ваш живот и дека треба да го живеете онака како што вам ви одговара. Кога нема да им дозволите на другите да ви влијаат преку нивните очекувања за тоа што треба да правите и како треба да го правите, ќе имате повеќе енергија и ќе бидете попродуктивни.

Откако прочитавте како да ја зголемите вашата продуктивност така што ќе се ставите на прво место, можеби ќе сакате да ги прочитате и будистичките правила што ќе ви помогнат правилно да ги поставите вашите приоритети.

Извор: lifehack.org


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар