Ја исполнивте нормата од 10.000 чекори? Еве кои се здравствените придобивки!

Ја исполнивте нормата од 10.000 чекори? Еве кои се здравствените придобивки!

Што можете да очекувате ако денес излезете на прошетка и ја исполните нормата од 10.000 чекори? Што ако ова ви прерасне во секојдневна навика? Пешачењето може да биде одлична мотивација за повеќе вежбање. Станува збор за навика која има многу позитивни ефекти, а еве дел од нив.

Ја исполнивте нормата од 10.000 чекори? Еве кои се здравствените придобивки!

1. Подобрена функција на срцето

Едно истражување покажало дека луѓето кои редовно пешачат имаат помал ризик од појава на кардиоваскуларни болести.

2. Посилни бели дробови

Секојдневната активност ја подобрува работата на белите дробови. Тоа, пак, му овозможува на телото поефикасно да го користи кислородот.

3. Подобрена концентрација

Физичката активност го активира лачењето на хормоните за добро расположение, го зголемува протокот на крвта во мозокот и има позитивен ефект врз когнитивните функции. По прошетката во природа ќе бидете попродуктивни и покреативни, а стресот ќе се сведе на минимум.

4. Посилни коски

Редовните активности помагаат да се одржи густината на коските.

5. Посилно тело

Ви се верува или не, преку пешачење можете да ги зајакнете мускулите и да ја одржувате мускулната маса.

6. Стабилизирање на нивото на шеќер во крвта

Пешачењето и сите други физички активности не можат докрај да ги избришат последиците од лошите навики, но добро е да знаете дека кога сте активни, вашите мускули трошат повеќе гликоза и на тој начин го одржуваат стабилно нивото на шеќерот.

7. Помага во регулирањето на крвниот притисок

8. Подобра флексибилност и стабилност

Зајакнатите мускули водат кон подобра стабилност и флексибилност на телото.

9. Ќе имате повеќе енергија

Физичката активност е одличен начин за зголемување на енергијата и борба против уморот со оглед на тоа дека ја подобрува циркулацијата.

10. Подобрено расположение

За време на пешачењето се ослободуваат ендорфини, серотонин и допамин кои играат клучна улога во подобрување на расположението.

Сепак, важно е да знаете дека пешачењето не може да ги елиминира нездравите навики. Затоа, покрај физичката активност, потребни ви се здрава исхрана и доволен сон.

Откако ги прочитавте здравствените придобивки од пешачењето, можеби ќе сакате да прочитате и зошто пешачењето со тегови во рацете е многу корисно.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар